Трет палец: Протеза која ќе ги зголеми вашите природни способности

Студентката Даниел Клод од Кралскиот колеџ за уметност замислува иднина во која ја користиме технологијата за да ја измениме нашата човечност. Таа е воодушевена од идејата дека луѓето можат да станам многу помоќни со помош на овие измени. Ова размислување водело до создавањето на „Трет палец“, протеза која му овозможува на корисникот да ги зголеми неговите природни способности. Таа го дизајнирала третиот палец со цел да нè натера да размислиме што навистина претставува „оптималното“ човечко функционирање.

Трет палец: Протеза која ќе ги зголеми вашите природни способности

„Вредноста на третиот палец е да создаде катализатор за општеството да го земе предвид човечкото доградување, врамено во достапен дизајн. Ова е алатка, искуство и вид самоискажување. Кога ќе почнеме да ги зголемуваме нашите способности и да ги гледаме протезите како надградби, ќе почнеме да го менуваме фокусот од справување со попреченост, кон зголемување на способностите.“ – Даниел Клод

Трет палец: Протеза која ќе ги зголеми вашите природни способности

Даниел се воодушевила од протезите поради интеракцијата помеѓу луѓето и продуктите.

„Кога користите пенкало за пишување, по некое време не го чувствувате пенкалото на дланките – го чувствувате врвот од пенкалото врз хартијата. Колку повеќе истражував за човечкото надградување, толку повеќе се фасцинирав од протезите. Сакав да ја разберам врската што се развива помеѓу корисникот и екстремитетот – некои корисници го чувствуваат како дел од нив, некои го гледаат само како алатка.“

Кога станува збор за третиот палец, постоеле неколку нешта што имале влијание и што ја инспирирале за концептот на проектот. Едно од нив е изјава од експертот за биомехатроника Хју Хер:

„Ние луѓето треба да ги прифатиме нашите ограничувања, но можеме да ја надминеме неспособноста преку технолошки иновации.“

Трет палец: Протеза која ќе ги зголеми вашите природни способности

Второто нешто било самото потекло на зборот протеза. Даниел изјавила:

„Потеклото на зборот протеза значи да се додаде или да се стави нешто, не да се замени или да се поправи, туку да се надгради. Третиот палец е инспириран од ова потекло на зборот, го истражува човечкото менување и има за цел да ги направи протезите како надградување на телото.“

Трет палец: Протеза која ќе ги зголеми вашите природни способности

Направата претставува 3Д испечатен палец кој се контролира со стапалото. Се прикачува за корисникот како рачен часовник. Моторите се активираат од два сензори на притисок кои се лоцирани во чевлите под палецот од ногата. Даниел го одбрала овој метод за контрола бидејќи оваа комбинација им е позната на луѓето. На пример возење автомобил, управување со машина за шиење или свирење пијано.

Трет палец: Протеза која ќе ги зголеми вашите природни способности

Сензорите се безжични и комуницираат со палецот преку блутут технологија. Реагираат на различен притисок, како и на брзина. Секое стапало контролира различен вид движење. Еден сензор го контролира свиткувањето и исправувањето на палецот, додека другиот ги контролира подигнувањето и спуштањето. Дизајнот е заснован на прстите на човечката рака и се состои од три главни делови кои се испечатени како еден.

Иако можеби изгледа необично, оние коишто го пробале палецот го опишале како возбудлив и необичен. Штом се навикнале на него можеле да креваат и да држат работи, да свират гитара, да кршат јајца и да цедат лимони. Според Даниел, луѓето брзо се навикнувале на протезата и управувањето со неа не било покомплексно од управување со автомобил.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар