Кое е најдоброто место за тетоважа? Оваа апликација го крие одговорот!

Кое е најдоброто место за тетоважа? Оваа апликација го крие одговорот!

Тетовирањето е една од најголемите одлуки кои ќе ги донесете во вашиот живот, па токму затоа и многу е важно сериозно да размислите дали навистина сакате да го направите тоа. Ако сте 100% сигурни, следниот чекор е да ја одберете совршената тетоважа за вас. Откако ќе се одлучите што сакате, доаѓа најтешкиот дел – одредување на локацијата на вашето тело каде што ќе се најде таа.

Кое е најдоброто место за тетоважа? Оваа апликација го крие одговорот!

Но, не грижете се. Имаме одлично решение за вашиот проблем. Доволно е само да ја инсталирате апликацијата InkHunter и да се препуштите на нејзините совети. Таа ќе ви помогне да одлучите дали навистина сакате тетоважа и каде на вашето тело таа најдобро ќе изгледа. Па, како поточно функционира оваа апликација? Многу едноставно!

Потребно е само да нацртате смајли со пенкало на вашата рака, нога или друга позиција каде би сакале да имате тетоважа, а потоа да ја вклучите апликацијата и да го доближите смартфонот до местото кое сте го одредиле. Апликацијата ќе ја проектира тетоважата на вашата кожа, и вие дефинитивно ќе знаете дали токму таму треба да ја поставите или не.

Погледнете го следново видео со цел да откриете подетално како работи оваа апликација:


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар