Иновативни торби кои ќе се погрижат мобилниот никогаш да не ви биде празен

Иновативни торби кои ќе се погрижат мобилниот никогаш да не ви биде празен

Колку пати ви се случило на излегување од дома да забележите дека вашиот мобилен има нешто помалку од 7% батерија? Во такви ситуации сигурно сте многу нервозни и постојано се прашувате дали ќе издржи батеријата додека да се вратите дома. Но, благодарение на иновативните луѓе, овој проблем може набрзо да стане минато.

Иновативни торби кои ќе се погрижат вашиот мобилен никогаш да не биде со празна батерија

„GoPlug“ торбите во себе содржат вградена батерија која ви овозможува преку стандарден или УСБ кабел да го полните вашиот мобилен телефон, фотоапарат, компјутер и таблет без разлика на вашата локација. Батеријата ќе го наполни вашиот мобилен 6-8 пати, таблетот 2 пати и двојно ќе му го продолжи животот на вашиот лаптоп пред да треба повторно да го полните. Овој пронајдок е совршен за оние кои постојано патуваат, а особено од корист може да ви биде за по аеродроми, конференции и сл. Постојат неколку различни видови торби, во зависност од намената, од мали торбички за таблет, торби за лаптоп и за фотоапарат, па сѐ до големи куфери.

Иновативни торби кои ќе се погрижат вашиот мобилен никогаш да не биде со празна батерија Иновативни торби кои ќе се погрижат вашиот мобилен никогаш да не биде со празна батерија

Проектот се финансира преку Кикстартер, а преостануваат уште само неколку дена пред официјално да се најде на рафтовите во продавниците.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар