15 причини да изберете андроид смартфон пред ајфон

Ајфонот некако останува најпопуларниот смартфон кој денеска постои на пазарот, иако кога ќе ги разгледате набројаните причини кои следуваат тоа не е баш разбирливо. Како и да е, доколку размислувате дали да одберете андроид смартфон или ајфон, пожелно е да ги имате овие неколку причини предвид пред вредноста на брендот.

15 причини да изберете андроид смартфон пред ајфон

  1. Меморијата што ајфонот ја има на располагање во моментот кога ќе го купите потоа не може да се надгради. За разлика од него повеќето андроид смартфони имаат слот за micro SD картичка каде што можете да додадете дополнителна меморија.
  2. Старата батерија на ајфонот не може едноставно да се замени со нова. Оние на андроид смартфоните најчесто лесно се заменуваат.
  3. Голем дел од андроид телефоните можат да се користат како универзални уреди за далечинско управување благодарение на инфраред сензорите. Ајфонот нема ваков сензор.
  4. Системот на андроид за категоризирање на фајловите е одличен, па кога ќе го поврзете вашиот телефон со компјутер лесно можете да пребарувате низ нив за да го најдете она што ви треба. Епл не овозможува таков пристап до сите ваши фајлови.
  5. За да го наполните ајфонот со музика неопходен ви е ајТјунс, а за префрлање на фотографиите на компјутерот ајФото. На андроид телефонот не му е гајле од каде доаѓа вашата музика и не е толку комплицирано да се префрлуваат фотографиите.
  6. Ако пребарате некоја апликација за ајфон во прелистувачот, ќе мора да го отворите ајТјунс или Еп Стор за да ја симнете и инсталирате. Симнувањето апликации за андроид се прави и директно од веб-сајтови, без потреба од повикување на дополнителни апликации.
  7. Батеријата на андроид телефонот може да се наполни со кој било УСБ кабел. Онаа на ајфонот бара кабел на Епл.
  8. Еве нешто и за таблетите. На андроид таблет можете да направите повеќе кориснички профили доколку сакате да споделувате еден уред со повеќе колеги на работа или со членовите на семејството, без притоа меѓусебно да си ги пристапувате информациите. И повторно, тоа е опција која Епл не ја нуди на своите таблети.15 причини да изберете андроид смартфон пред ајфон
  9. Андроид телефоните ги користат мапите на Гугл, кои се многу подобри од оние на Епл. Иако и на ајфон можете да инсталирате Гугл Мапс, оваа апликација не можете да ја направите дифолт.
  10. Андроид уредите располагаат со неколку опции повеќе за отклучување на уредот (вклучувајќи препознавање на лице и шаблони кои се исцртуваат со прст). Ајфонот може да се отклучи само со отпечаток од прстот или со лозинка.
  11. Андроид смартфоните можат да се персонализираат многу повеќе во споредба со ајфоните, на пример со додавање на виџети на почетниот екран. Исто така, за андроид има и многу апликации кои можат дополнително да го променат интерфејсот на вашиот смартфон. На пример Aviate ви овозможува азбучно подредување на апликациите во вид на листа.
  12. Ајфонот ги чува иконите од сите апликации на почетниот екран, додека тоа на Андроид телефон може и поинаку да се уреди.
  13. Голем број андроид телефони овозможуваат не само користење, туку и гледање на повеќе апликации одеднаш. Второто кај ајфонот не е можно.
  14. Андроид смартфоните ги сместуваат визуелните потсетници на врвот на екранот заради што е полесно да проверите дали имате повик/порака/имејл… на кој треба да одговорите. Ајфонот нотификациите не ги чува овде.
  15. И покрај сите овие предности, на пазарот постои многу поголем избор на андроид смартфони и тоа за пониска цена од ајфонот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Hristijan Reply

    Ova e najglupavata statija shto ja imam prochitano vo mojot zivot. KATASTROFA. Sekoja pricina od glupa po glupa.
    Pr. На андроид таблет можете да направите повеќе кориснички профили. И повторно, тоа е опција која Епл не ја нуди на своите таблети.

    HAHAHAHA ne zaebavaj smartfon ili tablet ? odluci za shto ke pisuvas vo edna statija.

Остави коментар