Започнува осмиот француски филмски фестивал

На 17-ти јуни, среда со филмот „„Борци“ (2014) на режисерот Тома Каје, во кино „Милениум“, во ГТЦ  ќе се отвори осмиот по ред француски филмски фестивал.

1-zapochnuva-osmiot-francuski-filmski-festival-kafepauza.mk

Овој фестивал се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Македонија, Регионот на Долна Нормандија, Охридска банка-Сосиете Женерал, Публицис, оркестарот F.A.M.E.S, Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија, Националната агенција за филм, Публицис, Градот Охрид, Центарот за култура во Охрид и Пежо.

2-zapochnuva-osmiot-francuski-filmski-festival-kafepauza.mk 3-zapochnuva-osmiot-francuski-filmski-festival-kafepauza.mk

Фестивалот ќе трае до 17-ти до 20-ти јуни, а програмата како и претходните неколку години ќе биде поделена во два града и тоа од 17-ти до 19-ти јуни во Скопје и на 20-ти јуни свеченото затворање ќе се одржи во Охрид.

Предвидено е  да се прикажат 8 долгометражни филма, а фестивалските денови ќе бидат свечено затворени во Охрид со проекција на филмот „Семејството Белие“ (2014) филмско остварување на режисерот Ерик Лартиго.

И оваа година љубителите на седмата уметност ќе можат да ги погледнат најновите остварувања од француската кинематографија и да бидат дел од средбите и дискусиите со годинешните гости-учесници на филмските остварувања и тоа: Г-ѓа Ањес Сорал (актерка),  добитничка на почесната награда Златна маска на фестивалот, Г-ѓа Дијан Руксел (актерка), Г-дин Антоан Лоран (актер), Г-дин Фред Корсјал (композитор), Г-дин Брис Даволи (композитор), Г-ѓа Одре Бијар, член на асооцијацијата ОФФ од Трувил и Г-дин Ален Мајор (продуцент).

4-zapochnuva-osmiot-francuski-filmski-festival-kafepauza.mk 5-zapochnuva-osmiot-francuski-filmski-festival-kafepauza.mk

Осмото издание на овој веќе реномиран фестивал е со изменет и збогатен  концепт, чија цел ќе биде професионалното претставување и поврзување на македонските и француските професионалци од филмската индустрија, како и нивно вмрежување за искористување на можностите од взаемната соработка. Посебен акцент ќе се стави годинава и на дигиталните уметности, и тоа на тема филм и аудиовизуелни уметности преку организирање на работилници за дигитални уметности со цел изработка на мини-видеа со мобилни телефони (во соработка со македонските асоцијации).

Францускиот филмски фестивал претставува престижна француско-македонска манифестација и е значајна за македонската кинематографија, бидејќи дава можност да се зацврстат темелите на идната соработка меѓу францускиот и македонскиот филм, да се отворат нови можности за размена на уметници, продуценти, режисери, размена  на искуства со земја која претставува лидер во европската кинематографија.