Забава и учење со Моја Кравица на спортскиот летен камп во Охрид

Чоколадното млеко „Моја Кравица“ израдува над 150 деца од Македонија, Србија и Бугарија во рамките на спортско-едукативниот летен камп во Охрид.

(6) zabava-i-uchenje-so-moja-kravica-na-sportskiot-leten-kamp-vo-ohrid-www.kafepauza.mk

Како партнер на Асоцијацијата за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ, компанијата Бимилк учествува и во едукативните содржини што се предвидени во рамките на летниот камп што се одржува во Охрид. Имено, присутните деца на возраст од 8 до 15 години имаа можност да учат и да се забавуваат преку едукативни игри на работилницата насловена како „Биди дете со чоколадно млеко Моја Кравица“.

(1) zabava-i-uchenje-so-moja-kravica-na-sportskiot-leten-kamp-vo-ohrid-www.kafepauza.mk

Имајќи цел да го разбуди детето во секој од нас, но, истовремено, и да ја потенцира важноста од консумирање здрави и вкусни намирници, работилницата опфати теми поврзани со придобивките од внесување на потребните витамини, минерали и хранливи состојки неопходни за правилен раст, развој и нормално функционирање на метаболизмот.

(2) zabava-i-uchenje-so-moja-kravica-na-sportskiot-leten-kamp-vo-ohrid-www.kafepauza.mk

Децата учеа за витамините Д, А, Б6 и Б12, кои ги содржи чоколадното млеко и за тоа која е нивната функција во организмот, но и се забавуваа преку интересните игри како што се „Расипан телефон“, „Погоди кој сум“, „Икс-нула“ со ликот на Моја Кравица и сл.

(3) zabava-i-uchenje-so-moja-kravica-na-sportskiot-leten-kamp-vo-ohrid-www.kafepauza.mk

„Една од главните цели на кампот е токму афирмација на здравиот начин на живот, како и презентација на несекојдневни спортски дисциплини, забава и социјализација преку спортот и културата. Во таа насока, навистина ми е драго што оваа година имаме партнер што преку своите активности истовремено ги обединува и здравиот живот и забавата и спортот за сите деца“, изјави Иван Цветковски, Претседател на Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ.

(4) zabava-i-uchenje-so-moja-kravica-na-sportskiot-leten-kamp-vo-ohrid-www.kafepauza.mk

Резултатот од работилницата, но и севкупното учество на Бимилк во рамките на кампот, е среќни деца, задоволни лица и широки насмевки. Токму затоа, Бимилк и натаму останува посветена на афирмација на здравите навики и на обезбедување среќно детство за сите.

(5) zabava-i-uchenje-so-moja-kravica-na-sportskiot-leten-kamp-vo-ohrid-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар