Утре се отвора Веро супермаркет во Кисела Вода

Утре се отвора Веро супермаркет во Кисела Вода

На големо задоволство на жителите на скопската населба Кисела Вода, утре, сабота, 12 април, на булевар Борис Трајковски (поранешна Првомајска) на просторот на некогашните магацини на Жито Лукс, во непосредна близина на просториите на општината Кисела Вода, ќе се отвори нов Веро Супермаркет.

logo VERO

Станува збор за јубилеен 10-ти по ред Веро супермаркет кој ќе се протега на површина од околу 1.500м2, со 7 каси, модерен складишен дел од 700 м2, подземен паркинг за 40 автомобили, овозможувајќи им едноставно и организирано пазарување на граѓаните. Новиот Веро ќе има и свој бесплатен паркинг простор кој е предвиден да ги задоволи потребите на посетителите. Веро 10, се наоѓа на една од најфреквентните улици во Скопје, низ која поминуваат голем дел од граѓаните на Скопје, одејќи на работа и враќајќи се дома, со што им е овозможено попатно да си ги завршат своите куповни потреби, а во Веро 10 ќе имаат голем избор од најдобар квалитет.

„Долг период на време чувствувавме потреба да отвориме супермаркет во овој дел од градот, и отворањето на 10-иот Веро Супермаркет за нас претставува голем успех и доказ дека работите одат по нагорна линија. За 17 години успеавме да создадеме лојални потрошувачи и да воспоставиме со нив искрени релации што е и главниот клуч на позитивниот развој кој го бележиме.

Кога сите неопходности беа направени, и беше избрана вистинската локација го релаизиравме и овој голем чекор каде уште еднаш на нашите ценeти купувачи, посебно од овој дел од Скопје ќе можеме да им понудиме услуги и квалитет по стандардите на Веро“, изјави Костас Теодосијадис, генерален менаџер на Веро.

2-utre-se-otvora-vero-supermarket-vo-kisela-voda-kafepauza.mk

Првиот Веро Супер маркет беше за прв пат отворен во Скопје пред 17 години и од тогаш до денес овој ланец на супермаркети успешно ја гради својата приказна постојано инвестирајќи во нови малопродажни објекти каде на своите потрошувачи им нуди врвен квалитет, избор и задоволство при пазарувањето. Веро, заедно со својот тим од над 900 вработени низ земјава, и понатаму ќе настојува да ја спроведува својата стратегијата – најдобар избор, најдобри цени и најдобра услуга, водејќи се со мотото “Купувачот е нашиот шеф”.

3-utre-se-otvora-vero-supermarket-vo-kisela-voda-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар