Светските RnB ѕвезди од шоуто на Џими Кимел оваа сабота во „Еден на Еден“

Светските RnB ѕвезди од шоуто на Џими Кимел оваа сабота во „Еден на Еден“

Ретко кога гледаме светски ѕвезди во македонски емисии, но сега ќе имаме одлична можност за такво нешто. Само една недела по гостувањето во шоуто на Џими Кимел, светските RnB легенди и добитници на Греми награда, „Blackstreet“ се гости на Жаре во „Еден на Еден“. Групата ќе се шегува за тоа како настанала нивната најпозната песна, No Diggity со Dr.Dre, па дури ќе речат дека нашиот Александар Сариевски бил инспирација!

Гостин ќе биде и популарниот Бобо од Бугарија, најпознат по мега хитот „Дим да ме њама“, кој по најавата се гледа дека има одлична смисла за хумор.

Цреша на шлагот ќе биде и новото јавување на Спасе кај Жарко Коцкица.

Еве ја најавата, гледајте „Еден на Еден“ оваа сабота во 22.30ч на Алфа ТВ:

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар