Социјален експеримент: Дечко послужува кафе во маичка со натпис: „Јас сум ХИВ позитивен“

Поради стравот од предрасуди, во Македонија ниту едно лице со ХИВ не го споделува јавно својот статус. Здружението за поддршка на лица со ХИВ – „Заедно посилни“ одлучиле да истражат колку од овој страв е основан преку социјален експеримент.

socijalen-eksperiment-dechko-posluzhuva-kafe-vo-maichka-so-natpis-jas-sum-hiv-pozitiven-kafepauza.mk

Експериментот се одвивал во Градскиот парк каде што луѓето мислеле дека имаат физички контакт со лице со ХИВ – млад дечко кој послужувал кафе облечен во маичка на која стои „Јас сум ХИВ позитивен“. Била вклучена и учесничка која глумела дека е дел од редицата што чека кафе и потенцирала дека лице со ХИВ служи пијалаци.

Прашањето на кое експериментот требало да даде одговор е: Како ќе реагираат учесниците во ваква ситуација?

На големо задоволство, учесниците во целост го поддржувале шанкерот и го бранеле од нападите упатени од глумицата, потенцирајќи дека ХИВ не се пренесува така и апелирајќи против предрасуди.

Сите учесници во експериментот се случајни минувачи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар