Роденден на Рузвелтова 37.

Што е Concept 37 за луѓето? За некои тоа е местото каде можат да ја покажат својата креативност, за други тоа е местото каде што ја наоѓаат својата креативност. Некои во Concept 37 го пијат утринското кафе, а други се релаксираат со пијачка после работа. Секој си создава своја приказна.

1-rodenden-na-ruzveltova-37-kafepauza.mk

Откако се отвори Concept 37 поминаа 365 дена. Во овие 365 дена во Concept 37 беа направени преку 60 изложби и преку 30 промоции на книги, накит, индустриски дизајн, мебел, како и повеќе иницијативи за општествена одговорност.

Имаше и џез, а имаше и фанк, хип-хоп, рок и хаус. Гости им беа познати уметници, дизајнери, музичари, фотографи и непознати гости кои ги запознававме цела година. Имаше и театарска претстава, имаше и кино. Терасата можеби беше мала, но имаше место за сите.

4-rodenden-na-ruzveltova-37-kafepauza.mk

Во оваа година Concept 37 се обиде да создаде нешто, што ќе биде несекојдневно, а нивните гости секојдневно им помагаа во тоа. Затоа ве покануваат сите да дојдете и заедно да го прославите неговиот прв роденден.

На 3-ти јули, четврток од 17 часот, на концептуалната плажа заедно со бендот Хабанита. Апостолки не се задолжителни, но се пожелни кога седите на песок. 🙂

2-rodenden-na-ruzveltova-37-kafepauza.mk

А, на 4-ти јули, петок од 20 часот, организираат роденденска изложба на .gif-ови (GIFEST) и изложба на полароид фотографии од сите гости кои ставиле своја фотка на хаштагот #Concept37!

Потсетете се, проверете го мобилниот и ако имате фотографија на хаштаг #Concept37, дојдете и најдете ја во Concept 37.

3-rodenden-na-ruzveltova-37-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.