Ова лето патуваме на островот Крф

Вие уживате во вкусот на вашето омилено кафе, а ние ви го надополнуваме тоа задоволство! Здружени заедно со Т.А. Јупитер ве носиме на 7-дневно кафе на островот Крф! Не ви е јасно?

LetoNaKrf-kafepauza.mk

Сѐ што треба да направите е да продолжите да го пиете вашето омилено кафе, да ја сликнете најкреативната фотка во тој момент, да ја качите на Интернет, на пример на вашиот Фејсбук-профил (притоа треба да ви биде избрана опцијата Public) и да го поставите линкот во коментар на Фејсбук-објавата подолу или пак да ја твитнете обраќајќи ни се со @kafepauza. Ако пак сакате да ја искажете својата креативност преку пишаниот збор, ви предлагаме да напишете кратка летна приказна од една реченица. И приказните можете да ги твитнете или да ги поставите на Фејсбук.

Но, не ве носиме само на кафе туку ве носиме на 7-дневно платено летување со вклучен превоз и траект карта на островот Крф!

  • Нешто повеќе за островот Крф

    Крф е грчки остров кој се протега на Јонското Море. Под општината на островот Крф припаѓаат и помалите острови Ерикуза, Матраки и Отони. Главниот град на островот и седиште на општината е исто така именуван Крф.

    (krf) ova-leto-patuvame-na-ostrovot-krf-kafepauza.mk

    Крф е град со мултикултурен дух чијашто атмосфера наизменично ве носи назад во минатото и ве враќа повторно во сегашноста. Неговата архитектура е успешен спој на разноликостите, кои истовремено го имаат шармот на Париз, Венеција и Лондон.

    За да го почувствувате шармот на овој град потребно е да се вратите векови назад и да го видите самиот начин на развој како град и како остров. Античкото минато на градот Крф сѐ уште не е доволно истражувано, па затоа се претпоставува дека на островот и во самиот град лежат уште многу докази за неговото богато минато.

    Доказните материјали и остатоци од античка Грција, денес се чуваат во Археолошкиот музеј и археолошки остатоци од палатата Мон Репо. Големиот број тесни улички со куќи од тоа време се речиси непроменети до денес. Малите улички му даваат посебна отменост на стариот град. Некаде се толку тесни, што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете страни.

    Малите фонтани и плоштади, старите Млетачки куќи, во кои денес се сместени многубројни таверни, галерии и продавници на сувенири, бројни цркви со монументални фасади – сѐ ова изградено од времето на Млет, а денес дава посебен шарм на стариот град. За време на млетачкото владеење изградени се и две тврдини (стара и нова), на кои и ден-денес им се восхитуваме.

    Градот Крф изобилува со знаменитости од различни историски времиња, меѓу кои најпознати се: старата тврдина, новата тврдина, плоштадот Спијанада, Листон, палатата на Св. Михаил и Св. Ѓорѓија, зградата на општината и општинскиот плоштад, Јонската Академија, црквата Св. Спиридон, Канони, палатата Мон Репо и многу други.

Аххх… да, и не ве носиме само еднаш, ве носиме три пати! Едно патување за двајца во висока сезона, едно патување за двајца во средна сезона и едно патување за двајца во ниска сезона (комплетно платени аранжмани). Погледнете ја деталната програма за патувањето и местата кои ќе се посетуваат.

Информации за наградната игра и правила за учество:
  1. Право на учество имаат сите физички лица кои се жители на Македонија со навршени 18 години.
  2. Фотографиите мора да бидат лични, а приказните авторски. Туѓите фотографии и приказни нема да бидат земени предвид.
  3. Секој може да учествува со различни фотографии и/или приказни повеќе пати.
  4. Учеството се реализира со објавување приказни и фотографии на Твитер и Фејсбук на опишаниот начин, но дозволено е и споделување на фотографии од Инстаграм на овие две мрежи.
  5. Хаштагот на наградната игра е #ЛетоНаКрф, но не е задолжителен за користење во корист на должината на кратките приказни кои ќе се споделуваат преку Твитер. Дозволено е протегање на приказните во повеќе од еден твит, но ве стимулираме да се обидете да ја искажете креативноста во 140 карактери.
  6. Наградната игра ќе трае еден месец, од 1 до 30 јуни, а добитниците ќе бидат прогласени до 7 јули на веб-сајтот Кафе пауза, како и на профилите на социјалните мрежи.
  7. Избираме 3 најкреативни фотки и/или приказни. Лајковите, споделувањата, ретвитањата се добредојдени и ќе бидат земени предвид, но не се критериум за избор на добитниците. По 30 јуни, ќе направиме селекција од најдобрите, најкреативните и најпопуларните фотки и приказни и потоа од нив заедно ќе ги избереме тројцата најсреќни. Ако сакате да бидете дел од жирито, пишете ни.
  8. Секој добитник може да избере еден од два понудени термини:
Во висока сезона:
Во средна сезона:
Во ниска сезона:
  • 19.07-25.07.2014
  • 25.07-31.07.2014
  • 30.08-05.09.2014
  • 05.09-11.09.2014
  • 11.09-17.09.2014
  • 17.09-23.09.2014

Навалете креативци, Кафе пауза ја наградува вашата креативност!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    па вие секое лето патувате на Крф

  2. Anonymous Reply

    Наградата важи за две лица или за едно?

  3. Anonymous Reply

    А дали може еден учесник да постира повеќе слики, или само една? Фала однапред 🙂

    • Кафе пауза Reply

      Може повеќе. Нема такво ограничување.

  4. Eloquent Monstrocity Reply

    Дали е дозволено сликите да се едитнуваат во Photoshop?

    • Кафе пауза Reply

      Доколку се работи за мали корекции, не е проблем, се додека не се нарушува оригиналниот концепт на фотографијата.

Остави коментар