Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор

Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор

Новите деловни простории во строгиот центар на Скопје се дизајнирани да обезбедат највисока агилност во работењето и најдобар работен ден за сите вработени

Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор

Телекомуникацискката компанија Вип и официјално ги отвори вратите од новата управна зграда. Лоцирана во центарот на Скопје, на Плоштадот „Пресвета Богородица“, новата деловна зграда на Вип има 8 ката и располага со 8.400 м2 корисен работен простор за повеќе од 830 вработени.

Новата деловна зграда на Вип е конципирана во согласност со последните трендови за уредување на деловните простории и користење на напредна технологија, односно е уредена според т.н. агилен принцип на работење кој се базира на физичка функционалност, но и на севкупната филозофијата за поттикнување на агилноста како појдовна точка во креирање на високо ниво на задоволство на вработените, а следствено на тоа, пресретнување на потребите на корисниците и осигурување на супериорно корисничко искуство.

Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор

„Одлуката да се вселиме во нова деловна зграда дојде природно, како логичен редослед со кој го следиме растот на компанијата од една страна, но уште повеќе, да им обезбедуваме на нашите вработени работна средина која ќе придонесе кон зголемување на нивната ефикасност и флексибилност, унапредување на тимската работа, подобрување на транспарентноста во работењето и полесна комуникација. Новите простории во целост ја поддржуваат нашата корпоративна култура и постулатите врз кои таа се заснова – тим, агилност и доверба, кои во комбинација со напредните дигитални решенија, гарантираат ултрамодерни услови за работа за сите постојни, но и идни вработени. Новите деловни простории се еден убав почеток и стимул за пресретнување на сите предизвици кои во иднина, заедно со нашите вработени ќе ги совладуваме“ – изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.

Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор

Во новата зграда на Вип за формалните и деловни средби, на располагање за вработените се повеќе од 40 поголеми и помали дигитализирани сали за состаноци, како и простории за видео и теле конференции опремени со врвна технологија. За неформалните средби, на вработените им се достапни повеќе отворени позиции, т.е. „фокус соби“ кои се наменети за кратки и брзи состаноци, а пак за дружење и релаксација, новите простории располагаат со кујни на секој од катовите, соба за релаксација, како и кантина.

Во рамките на новиот простор е сместен мултимедијален и мултифункционален центар, со доволен капацитет да излезе во пресрет на потребите на компанијата за директна комуникација со вработените, или пак медиумите, а во насока на промовирање на транспарентноста и отвореноста на компанијата за соработка со сите засегнати страни.

Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор

Концептот на „агилна организација“, инаку подразбира култура на однесување и работење која има за цел да ја зголеми продуктивноста и транспарентноста на компанијата, и тоа од секој аспект на деловното работење. Тоа подразбира поддржување на поголема флексибилност во работењето, создавање отворена работна средина без прегради и ограничувања, вклучително и за топ менаџментот, поттикнување поголема мобилност на вработените и што повеќе можности за тимска работа.

Во насока на поддршка на младите ентузијасти и креативци, Вип ги отстапи внатрешните ѕидови на секој кат, на неколку графити артисти кои ја поттикнуваат креативноста и позитивното расположение на вработените. Со ова Вип дополнително го потенцира невообичаениот пристап кој им го нуди на своите вработени.

Повеќе информации за Вип можат да се најдат на www.vip.mk.

Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор

Дополнителни информации за новата Вип зграда

Новиот објект во кој Вип започна оперативно да функционира има 8 ката кои обезбедуваат корисен простор од 8.400 метри квадратни. Ентериерот е уреден согласно последните трендови за ентериерно уредување, а вградената технологија овозможува искористување на дигиталните решенија до максимум. Зградата има два активни влеза.

На приземјето е сместена главната рецепција, а на источната страна се наоѓа мултифункционален простор за различни намени, (медија центар, прес конференции, брифинзи со новинари, настани за над 100 гости, состаноци, конференции).

Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор

На аголот на североисточната страна со поглед кон кејот на Вардар на околу 80 квадратни метри модерно уредена и со пријатна атмосфера, сместена е т.н. кантината во која вработените можат да се одморат во текот на работниот ден. На секој од катовите е сместена кујна опремена со неопходните уреди, достапни за користење на вработените.

Зградата располага со 40 сали и соби за состаноци опремени со најмодерна технологија, меѓу кои: 18 фокус соби наменети за брзи и кратки состаноци, 18 соби за состаноци, 11 големи сали за состаноци, 1 креативна соба, 8 сали за видео конференции и 1 соба за состаноци на топ менаџментот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар