Неврокозметика – „Паметна“ козметика за новиот век

Неврокозметика – „Паметна“ козметика за новиот век

Иако клетките на кожата постојано се обновуваат, сепак со текот на годините, кожата постепено старее и ја губи еластичноста и свежината. Она што всушност „старее“ е функционалноста на системите одговорни за хомеостазата и здравиот изглед на кожата.

Најновите истражувања, како една од главните фактори во процесот на стареењето на кожата, ја посочија намалената комуникација помеѓу нервните завршетоци и фибробластите, односно клетките на кожата чија главна функција е да го одржуваат структуралниот интегритет на кожата. Клиничките студии покажаа дека невро-стареењето, кое преставува дисбаланс помеѓу невромедијаторите и соодветните рецептори кај фибробластите, предизвикува и до 80% намалена способност за синтеза на колаген и еластин.

Неврокозметика Taiva  – „Паметна“ козметика за новиот век

Присуството и големата улога на невротрансмиторите во кожата можеби и не треба да е изненадувачка, ако се знае дека мозокот и кожата имаат заедничко ембрионално потекло. Како резултат на новите сознанија, фармацевтската и козметичка индустрија понудија низа иновативни и извонредно ефективни решенија т.н „неврокозметици“, со директно позитивно влијание на механизмите на стареење на кожата.

Неврокозметичките препарати се природни или специјално дизајнирани биоактивни супстанци кои влијаат на невротрансмисијата, ја обновуваат здравата комуникацијата помеѓу клетките и ја штитат од последиците на невротоксичните продукти на стареењето. На тој начин значително се зголемува синтезата на колаген и еластин, забавен е процесот на стареење, брчките се видливо намалени и кожата ја враќа својата компактност, еластичност и младешки изглед.

2-nevrokozmetika-pametna-kozmetika-za-noviot-vek-kafepauza.mk

Исто така, поради своите анти-инфламаторни својства, неврокозметиката е исклучително соодветна за нега на чувствителна кожа, со клинички докажано смирувачко дејство. Тоа е особено важно, ако се земе предвид дека според истражувањата, околу 2/3 од луѓето имаат чувствителна кожа, а голем број од нив појавуваат некој облик на иритација или реакција од традиционалните козметички препарати и третмани за подмладување.

Од неодамна, на пазарот во Македонија неврокозметиката премиерно е презентирана преку брендот TAIVA, кој во својата палета има дневни и ноќни креми „Cell 2 Cell Repair“ и „Neuro Cellular Soothing“, со неврокозметички биоактивни формулации што го спречуваат предвременото стареење, но дејствуваат смирувачки и не предизвикуваат иритации на кожата.

Козметиката на TAIVA во своите производи имплементира напредна технологија и иновативни формулации по американска лиценца. Кремите содржат внимателно одбрани состојки, кои лесно и брзо се впиваат и делуваат во длабоките слоеви на кожата. Тука припаѓаат дневните и ноќни креми за длабинска хидратација „Hydro Active Plus“, како и кремите „New Skin“ со корнео-терапевтска формула за моментална перфекција и матирање на кожата. Ниту еден од производите на TAIVA во својот состав не содржи парабени и силикони.

Припремил:

Прим. Др. Коста Цветковиќ – специјалист дерматовенеролог
Дерматолошко естетска ординација „Дерма плус“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар