Инвестирајте во сауна за подобар имунитет на организмот

Инвестирајте во сауна за подобар имунитет на организмот

Луѓето кои често се разболуваат имаат намален имунитет. Има неколку начини за подобрување на ваквата состојба. Преку исхрана и внесување на храна богата со витамини, или со сирупи и апчиња кои содржат состојки за подобрување на имуниот систем на човековото тело.

1-investirajte-vo-sauna-za-podobar-imunitet-na-organizmot-kafepauza.mk

Еден од природните начини за подобрување на човековото здравје е финската сауна. Кај нас се почесто луѓето се одлучуваат да инсталираат сауна во своите домови. Тоа се најчесто мали простории како остави, или подруми, или во рамките на бањата.

Бенефитот од користењето на сауна е огромен. Сауната позитивното влијание врз општата состојба на духот и телото. Организмот е подложен на длабинска детоксикација. Помага при намалување на напнатоста и стресот, а ја подобрува и циркулацијата на крвта. За оние кои имаат проблем со спиењето, позитивно влијае на сонот.

Медицинските лица ја препорачуваат сауната при повреда или истегнување на мускулите, лигаментите и тетивите, реума, артритис, хронична болка во вратот, грбот и мускулите, се користи и за третирање на зависници од алкохол и дрога. Сауната може да биде во различна големина, а за повеќе информации можете да се информирате на pirinexport.mk.

2-investirajte-vo-sauna-za-podobar-imunitet-na-organizmot-kafepauza.mk

Она што треба да се знае е дека при високи температури кои се постигнуваат во сауна, телото лачи зголемен број на бели крвни зрнца, што помага при превенција од болестите и вирусите. Сауните го оневозможуваат затнувањето на синусите при настинки и алергии, особено во комбинација со пареа, која се добива при истурање на вода врз вулканските камења. Во водата може да се додадат еукалиптус/пеперминт или друга арома за дополнително уживање и прочистување на дишните патишта.

Сесијата во Финска сауна обично трае од 10 до 15 минути, а температурата варира од 70-110 степени Целзиусови. Една комплетно опремена сауна за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба чини околу 2.000 евра (во Пирин Експорт овој месец по промотивна цена од 1.800 евра), а цената може да варира зависно од опремата и материјалите кои ќе се вградат.

3-investirajte-vo-sauna-za-podobar-imunitet-na-organizmot-kafepauza.mk

Луѓето често се прашуваат: Колку ќе ме чини користењето на САУНАТА, на месечна база? Ако се користи сауната 3 пати неделно (вклучена печка 1 час, зависно од јачината на печката), ќе се потроши струја во вредност од 200-500 денари месечно. А за загревање на сауната до посакуваната температура, вообичаено потребни се 35-50 минути, зависно од температурата што сакате да се постигне. Сауната лесно се одржува, што ја прави вистинска инвестиција во здравјето на долг рок. За други прашања слободно посетете ја Фејсбук страницата facebook.com/PirinExport.Kozha.Sauni.Spa.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар