Ексклузивно презентирани новата Opel Insignia и Opel Cascada

Ексклузивно презентирани новата Opel Insignia и Opel Cascada

Оlympia Motors по повод пристигнувањето на двата најнови модели од Опел, Opel Insignia и Opel Cascada, подготви неверојатна презентација на своите постоечки и идни клиенти, соработници и пријатели. Доаѓањето на новите модели на Опел, се одбележа на 12.12.2013, четврток, во Музејот на македонската борба.

Ексклузивно презентирани новата Opel Insignia и Opel CascadaЕксклузивно презентирани новата Opel Insignia и Opel Cascada

Прекрасните возила беа изложени на платото пред музејот, а идејата на организаторот беше да ги претстави во вистинско светло како и што се очекува од овие два модела. Покрај Insigniata која и е добро позната на македонската јавност, за прв пат во Македонија беше претставена и Opel Cascada, како еден поинтересен и уникатен модел. Опел и овој пат ја докажа својата иновативност, со најновиот touch pad, Intellilink, нова палета на мотори и одлични перформанси.

„Оваа година Олимпиа Моторс се потруди да направи eдна манифестација во вид на одбројување, почнувајќи од бројот 5. Сакавме да споделиме 5 искуства на клиенти кои поседуваат Опел возила, потоа 4 случки раскажани од вработените, 3-ката припадна на 3-те плакети кои Олимпиа Моторс ги додели на тројца клиенти, 2-ката на најновите Опел модели и манифестацијата се заокружи со коктел за присутните“, изјави Светлана Пљакоска, управителката на Олимпиа Моторс.

Ексклузивно презентирани новата Opel Insignia и Opel Cascada Ексклузивно презентирани новата Opel Insignia и Opel Cascada

Присутните беа воодушевени од модерниот дизајн, вајарската уметност и елеганција, одличните карактеристики и совршената функционалност со кои се одликуваат моделите, и уживаа во целовечерното дружење кое Олимпиа Моторс несебично им го пружи.

Се очекува Новата Opel Insignia повторно да биде еден од најуспешните модели на македонскиот пазар како со своите возни перформанси, така и поради добрата политика на General Motors и Олимпиа Моторс за следење на вистинските потреби за вистинските потрошувачи.

Ексклузивно презентирани новата Opel Insignia и Opel Cascada Ексклузивно презентирани новата Opel Insignia и Opel Cascada Ексклузивно презентирани новата Opel Insignia и Opel Cascada Ексклузивно презентирани новата Opel Insignia и Opel Cascada


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар