Еден два победа за Porsche на 24 часа Ле Ман

Еден два победа за Porsche на 24 часа Ле Ман

Мисијата е успешно завршена: Porsche ја забележа својата 17-та победа на 83-тата 24-часовна Ле Ман трка и тоа освојувајќи го првото и второто место. Возачите Ерл Бамбер од Нов Зеланд, Нико Хулкенберг од Германија и Ник Тенди од Велика Британија го освоија посакуваниот трофеј со нивниот иновативен модел Porsche 919 Hybrid по точно 45 години откако беше забележана првата победа на Porsche на трките во издржливост. Тимо Бернхард од Германија Брендон Хартли од Нов Зеланд и Марк Вебер од Австралија успеаја автомобилот близнак, на шампионот Porsche 919 Hybrid, да го постават на втората позиција на подиумот.

1-eden-dva-pobeda-za-porsche-na-24-chasa-le-man-kafepauza.mk

Ниту еден друг бренд не успеал да победи и да издржи толку многу пати на најтешката трка во светот. Претходната двојна победа за брендот беше забележана во 1998 година, кога Алан Мекниш, Лорен Ајело и Стефан Ортели ја завршија трката на првото место со моделот Porsche GT1.

Матијас Милер, извршниот директор на Porsche AG изјави: „Оваа еден-два победа на 24 часа Ле Ман е извонреден резултат кој не можевме ниту да го сонуваме. Целиот тим одлично ја заврши задачата и напорно работеше изминативе три, четири години. Ние комплетно го заслуживме овој успех.“

Волфганг Хатц, член на одборот за истражување и развој на Porsche AG, изјави: „По паузата, ова е втора година како учествуваме на 24 часа Ле Ман. Затоа големиот триумф со еден два победа е неверојатна награда за храброста на нашите инженери кои го креираа концептот 919 Hybrid, како и над човечките напори на нашиот тим составен од 230 стручњаци.“

2-eden-dva-pobeda-za-porsche-na-24-chasa-le-man-kafepauza.mk

Porsche се врати минатата година во одлична форма на трките во издржливост, привлечен од новите прописи за ефикасност. Во центарот за истражување на брендот беше развиен еден од најиновативните автомобили. Porsche 919 Hybrid е трендсетер, кај него преку спојување на намалениот турбо мотор и двата системи за регенерирање на енергијата, се доби моќна машина која развива 1.000 КС.

На 83-тото издание на 24 часа Ле Ман сите високо технолошки комплексни системи на тркачките автомобили беа тестирани до нивните крајни граници. Поради големата конкуренција, особено помеѓу Porsche 919 Hybrid и Audi prototype, трката во квалификациите траеше подолго. Во квалификациите трите автомобили на Porsche, не само што ги обезбедија првите три места, туку поставија и нов рекорд 13,629 километри долгата патека. Совршенството на Porsche беше видливо и преку перформансите на тимот во пит стопот, каде што успееја на вкупно 90 пит паузи да бидат значително побрзи од конкуренцијата.

Porsche Team, Le Mans 2015

Фриц Ензингер, потпретседател на LMP1 изјави: „Неверојатен е овој успех, победа на 24 часа Ле Ман и тоа во вториот обид, откако Porsche се врати на оваа најпозната трка во издржливост. Морам да му се заблагодарам на брилијантниот тим кој заедно растеше во текот на последните три и пол години. Одборот на Porsche како поддршка стоеше 100% зад нас. Ќе ни бидат потребни неколку дена за да разбереме каков успех постигнавме. Знам дека многу луѓе буквално живееја овој сон да се оствари и се стремеа кон тоа со огромна посветеност.“

Тимскиот шеф Андреас Сеидл изјави: „Тешко е да се најдат вистинските зборови, бидејќи е тешко да се поверува во она што го направивме. Тоа е фантастична награда за макотрпната работа на тимот завреме на трката како и во текот на последните три и пол години. Знаевме дека сме подготвени многу подобро од лани, но во никој случај не го очекуваме овој резултат. Сите бевме на највисоко ниво во секој поглед без разлика дали тоа беа механичарите или инженерите. Пит паузите беа извонредни а возачите сензационални.“

Нико Хулкенберг (автомобил број 19): „Уживав во секој момент, овие автомобили се многу забавни за возење. Темпото беше навистина жестоко, особено во текот на ноќта, кога температурите малку паднаа, беше фантастично да се вози. Се разбира, не помислив дека ќе го постигнам овој успех, бидејќи трката носи многу предизвици. Како и да е, го победивме, и тоа победивме заедно.“

Porsche Team: Nick Tandy, Earl Bamber, Nico Huelkenberg (l-r)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар