Денот нека почне здраво! Супер предлози за најдобар појадок!

Денот нека почне здраво! Супер предлози за најдобар појадок!

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, а за да бидете сигурни дека наутро нема да посегнете по нездрави намирници, ви предлагаме здрав оброк кој ќе ви го подигне нивото на енергија и ќе ви даде сила за остатокот од денот.

Денот нека почне здраво! Супер предлози за најдобар појадок!

Јогурт

Јогуртот е богат со калциум и идеален е за регулирање на тежината, па така наутро можете да го комбинирате со овошје, овесни снегулки или со некое мало, вкусно печиво и тоа ќе биде фантастичен почеток на денот. Јогуртот е производ што настанува со природен процес на ферментација на млекото, направен во хармонија со природата, идеален за утринско уживање.

Јајца

Јајцата содржат доволно протеини што ќе ве држат сити во текот на целиот ден. Омлетот е одличен избор за појадок. Можете да додадете салата или свежо сечкан зеленчук и за само неколку минути што ќе ги потрошите на подготовка на овој појадок, ќе бидете полни со енергија.

Шејк или смуди

Подготовката на шејкови и смудија е лесна и ќе ви заштеди време и енергија. Ставете по нешто од овошјето што го имате на располагање, чаша јогурт и „бомбата“ од витамини и хранливи материи е пред вас за тој ден.

Салата

Овошната или зеленчуковата салата ќе ви даде енергија. Богати се со витамини и минерали и едноставни за подготовка. Ако правите овошна салата, можете да додадете мед по желба, а доколку вашиот избор е зеленчукова салата, додајте коцки вкусно сирење што ќе ви обезбеди дополнителна енергија и задоволство.

Житарки

Познато е дека житарките содржат голема количина на хранливи влакна и се одличен избор на енергија. Погодни се и за диети, бидејќи имаат малку калории, а се благопријатни за дигестивниот систем.

А ако сте едни од оние на кои појадокот им пристигна како нарачан на работното место, знаете дека малото, вкусно печиво и домашен јогурт со неодолив вкус, е повкусен појадок од кој било друг обилен појадок што ќе ни ја одземе енергијата и ќе нè направи тромави и поспани.

Имено, во изминатите десетина дена тимот на Алпско млеко им овозможи на вработените во неколку големи корпорации да добијат вкусен и здрав појадок со домашен јогурт со неодолив вкус. Погледнете дел од атмосферата и воодушевувањето на вработените.

(1) denot-neka-pochne-zdravo-super-predlozi-za-najdobar-pojadok-www.kafepauza.mk (2) denot-neka-pochne-zdravo-super-predlozi-za-najdobar-pojadok-www.kafepauza.mk(3) denot-neka-pochne-zdravo-super-predlozi-za-najdobar-pojadok-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар