Зошто сите зборуваат за видеоспотот на песната „Look What You Made Me Do“ од Тејлор Свифт?

Зошто сите зборуваат за видеоспотот на песната „Look What You Made Me Do“ од Тејлор Свифт?

Целиот Интернет е тотално окупиран со новиот спот за песната „Look What You Made Me Do“ од познатата пејачка Тејлор Свифт. По кратка пауза, таа се врати на музичката сцена, но начинот на кој го стори тоа ги крена сите на своите нозе. Во последниве неколку години, нејзината репутација беше многупати нападната, а за да докаже дека е свесна за тоа, но и дека не допира до неа, таа преку секоја сцена од овој видеоспот открива еден (или повеќе) од овие напади.

zoshto-site-zboruvaat-za-videospotot-na-pesnata-look-what-you-made-me-do-od-tejlor-svift

Па зошто сите се толку возбудени? Повеќе од 24 часа целиот онлајн свет се обидува да го дешифрира нејзиното видео. Секоја сцена се „сечка“ на мали парчиња и ѝ се бара соодветната поврзаност од реалниот живот на пејачката. Мислите дека ја познавате Тејлор? Обидете се да откриете што сè таа сака да ни каже со овој видеоспот! Ви гарантираме дека ќе изгубите барем неколку часа во анализирање на деталите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар