Запознајте ја Рита Ора

Запознајте ја Рита Ора

Ви ја претставуваме Рита Ора (Rita Sahatçiu Ora), 21-годишна девојка со неверојатен глас и впечатлив имиџ. Рита полека, но сигурно ги освојува љубителите на добрата музика низ целиот свет, а како што и самата тврди, најдоброто од неа допрва доаѓа.Запознајте ја Рита ОраРодена е на 26 ноември 1990 година. Израсната е во Лондон и на светот му е позната како слатка и талентирана Британка, но по потекло е од Приштина. Рита заедно со своите родители и со нејзината постара сестра, заминале од Косово уште пред таа да наполни една година.Запознајте ја Рита ОраРита Ора не поседува само талент за пеење, таа е и текстописец, а одлично се снаоѓа и во актерството. На самиот почеток на нејзината кариера, се појавува во улога на Росана во Британската криминална драма „Spivs“ во 2004.

Во 2007 и 2008 се појавува со неколку музички хитови, како „Akward“ заедно со Craig David и „Where’s your love“ со Tinchy Stryder. Она што почнува да ја вади од сенка, е обидот да ја претставува Британија на Евровизија во 2009 година, за што и самата признава дека не се чувствувала подготвена, па се повлекува. Ора е забележана од страна на големи музички имиња, па кон крајот на 2009 се приклучува кон издавачката куќа „Рос Нејшн“, чиј основач е Џеј Зи.

Во текот на 2009 се промовира настапувајќи во барови и клубови во Лондон, а во 2011 издаде видеа со подготовките на нејзиниот деби албум, кој би требало да излезе ова лето. Она што може да го очекуваме од албумот се големи хитови, имајќи ги предвид нејзините гласовни способности и фактот што таа работи на него повеќе од две години. Исто така, соработува со познати музички имиња, како Вил Ај Ем, Дрејк, Канје Вест и други.


„Ми дадоа три години за да го подготвам мојот албум. Две години за да се пронајдам себеси и речиси една година за да го снимам. Луѓето не го прават тоа во денешно време, но најверојатно тие веруваа во мене.“ – изјави таа

Запознајте ја Рита ОраНејзиниот прв голем хит е издаден кон крајот на 2011, насловен како „Hot right now“, во соработка со Dj Fresh. Водечкиот сингл на албумот е „How do we do (Party)“.

Шпекулациите дека е во врска со Канадскиот рапер Дрејк, стивнаа откако ја обелодени врската со членот на познатото семејство Кардашијан, Роб, кој во неколку наврати изјави дека е до уши вљубен во слатката и необична Рита. Засега, најновото од неа е појавувањето како гостин во жирито на познатото шоу за таленти „X Factor“, за што видно возбудена „твитна“:

„Јас сум иста како вас. И јас само што започнав… тука сум за да ви помогнам.“

Запознајте ја Рита ОраРита ќе ги придружува членовите на популарната група Coldplay за време на нивната летна турнеја.

Нејзиниот стил и музика, често е споредуван со оној на Ријана, но многумина ќе речат дека оваа девојка е оригинална и единствена. Запознајте ја Рита ОраВсушност, таа отворено признава дека нејзина инспирација е Гвен Стефани, не само во музиката, туку и во градењето на целокупниот имиџ. Исто така, ја наведува и Бијонсе, како личност на која ù се восхитува и ја почитува. Во врска со нејзиниот имиџ, инспирацијата потекнува и од познатата Мерлин Монро, а оваа поврзаност се објаснува со нејзиниот ретро стил.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар