Романтичната страна на урбаниот рапер: Што слуша Горјан Скипи кога е заљубен?

Горјан Јовановски – Скипи ѝ стана познат на македонската јавност по хитовите во хип-хоп и реге стил „Моментот“ и „Екскјуз ми“ во периодот кога беше дел од дуото Скипи и Тајзи, но неговиот успех на музички план не замре дури и кога продолжи како соло артист. Откако еднаш ќе ја чуете неговата песна со сериозен текст но забавен ритам „Скинат џеб“, тешко дека ќе можете да го извадите од глава заразниот рефрен (Идам all in иако е блеф…).

Романтичната страна на урбаниот рапер: Што слуша Горјан Скипи кога е заљубен?

Денес, тој неуморно работи во неговото студио Skipi Beat Studio на нов проект што сите со нетрпение го очекуваме, а истовремено пушта музика како диџеј во голем број кафулиња низ Македонија. Нема сомнеж дека Скипи е талентиран музичар, но каков е Горјан во приватниот живот?

Луѓето што го познаваат велат дека е секогаш позитивен и насмеан, расположен за добра дискусија и со специфична смисла за хумор што може да се забележи и од текстовите на неговите песни кои опфаќаат сериозни теми, но ги пренесуваат истите на хумористичен начин.

Романтичната страна на урбаниот рапер: Што слуша Горјан Скипи кога е заљубен?

Сепак, припадничките на понежниот пол најмногу ги интересира љубовниот живот на Горјан кој за пошироката јавност отсекогаш бил обвиен со мистерија. Доколку сте го гледале видео записот за неговата песна „Скинат џеб“ сигурно сте забележале дека Скипи е постојано во придружба на две прекрасни девојки. Па, дали тој е навистина толкав мангуп и во реалниот живот?

Се чини дека сепак тоа е само глума. Според него, физичкиот изглед не е пресуден, туку најважно му е да може да разговара со неговата избраничка на секоја тема. Иако, не му недостасува женското внимание, во срцето на Горјан секогаш има место само за една единствена девојка. На прашањето „Што е најромантичното нешто што некогаш си го направил?“, Скипи одговори со „Мистеријата е благослов“, а ние се согласуваме со него.

Овој урбан рапер има и своја романтична страна, а тоа може да се согледа и од изборот на песни што ги слуша кога е заљубен. Погледнете кои се неговите топ 5 љубовни песни:

1. Goo Goo Dolls – „Iris“

2. Bon Jovi – „Bed of Roses“

3. Dirty Dancing Soundtrack – „Time of My Life“

4. Jonathan Rhys Meyers – „This Time“

5. Jonathan Rhys Meyers – „Something Inside“


Тоа се песните што ги препорачува Скипи, а наша препорака е да се потсетите на неговата песна „Круг“ чиј љубовен текст слободно можете да го искористите за да ја освоите вашата сакана личност…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар