Кога ќе се почитуваат мажите, тогаш ќе се вратат и џентлмените

Кога ќе се почитуваат мажите, тогаш ќе се вратат и џентлмените

Автор: Александар

Џентлмени – загрозен вид во изумирање – текст кој ме инспирираше да ја напишам првата статија во мојот живот. Пробав ред по ред да одговорам на сите скриени прашања и мислам дека повеќето би се сложиле со исклучок на оние личности од понежниот пол кои нема да се препознаат во текстот. Па да почнеме…

Кога ќе се почитуваат мажите, тогаш ќе се вратат и џентлмените

Дури и глумците кои би требало да изгледаат како „совршени џентлмени“, кои навистина може да се видат само на телевизија, стануваат ретки. Толку се ретки што се дигна нивната цена ненормално високо за да самите се спуштат на најниското морално ниво и да глумат совршени џентлмени. Во денешно време многу е тешко да се глуми совршен џентлмен кога пред тебе стои нискоинтелигентна особа.

Како да сакаш да отвориш врата од кола кога она ми вика: Шо кола возиш? Сигурно нема да се возиме во крнтијата на татко ти… или те глеа дека навистина добро се носиш и прво што ù текнува во глава е: Овој мора да има БМВ или Мерџо… а ти возиш Астра 97 година и се радуваш што имаш клима и нема да се скуваш док излезеш у град. Пробуваш да помогнеш на девојка у град дигната на 12-ка штикла, натоварена со кеси потешки од неа со реномирани копии од Бершка, Мона и Теранова и уште ти вика: Бегај море манијак еден… Хелоууу мислиш дека сум толку лесна па со ова ќе ме ќариш? МАРШШШ… или едноставно ти одмавнува со поглед и те прави да се чувствуваш као кретен. Влага во 5-ка дотерана пиц-пец со нога ко ќумец и ти вика: Дечко пази малце, не глеаш дека влагам??? Или се вози во државен во вторник и петок и ти се врти тебе и ти вика: Дечкооо… Шо се буташ???

Вака сеа, добро е што жените почнаа да се залагаат за нивните права, но да разграничиме омаловажување од добронамерни џентлменски гестови. Твоето его нема да биде повредено ако некој ти отвори врата и ти влезеш прва, ама твоето его нема да биде повредено и доколку се заблагодариш на дечкото кој се потрудил да те испочитува како дама. Доколку си и самата способна да ја отвориш вратата, значи способна си и да се заблагодариш или едноставно пријатно да се насмевнеш во чест на почитта што ти ја пружил, без прво да помислиш во глава дека со тоа ќе ти се наруши твоето его и ќе дозволиш за жал на, не твој тип на маж, да се насмевнеш и ти ги види твоите „добро наредени заби“. Како што жените го изменија зборот женствени, така и мажите го изменија истакнувањето на машкоста.

Колку само ни недостигаат сите оние ситници на кои се радуваа жените од 80-тите и 90-тите години. Скинато цвеќе од градината на комшијата, крадење кола од дома за да ја изненади девојката и да ја однесе на место каде сонувала да биде, да отвори врата од кола, да ù подаде рака да се качи на коњ, да ù го подаде марамчето паднато на под, да помогне на старата изнемоштена жена која се натоварила со кромид и лук за дедото и слични работи што ги гледаме само на филм и станаа неблагодарни гестови за кои те озборуваат и те оцрнуваат како човек.

Ништо друго не бараме, туку почит каква што мажите имале до почетокот на новиот милениум, насмеано лице за подареното цвеќе, а не повратен одговор: И шо да му правам сега? Кај да го ставам? Или: Кај ти текна да ја земеш крнтијава, едвај ќе стигнеме сеа… Ај не ми се прави џентлмен, можам и сама… Го гледа инструкторот за јавање и се моли да ја придржи и дигне за да ја качи на коњ. И, треба нешто да значи ова ако си ми го подал марамчево?

Мажите веќе се свесни дека и со намера нешто да направиш нема да го добиеш, затоа ова почнаа да го практикуваат само за да го направат животот поинтересен, применувајќи некои од овие ретро џентлменски трикови, но за жал веќе изветреани. Башка, што и да направиш за жените веќе е видено на филм и не е интересно.

Се надевам дека понатака и на првиот состанок мажите нема да треба да прават будали од себе кога битно е првиот впечаток на девојчето за тебе, а тоа навидум стана практика кај сите:

  1. Дали добро ја носи косата?
  2. Дали носи часовник од позната марка? …што укажувало на фактот дека навистина се грижи за својот имиџ, а не дај Боже да носиш и каиш од Мона, тогаш си совршен, но сепак ќе размислам додека не ме качиш во кола.
    А да и најбитното…
  3. Какви патичиња носиш? (цел град е преплавен со Најк и Адидас патичиња, без разлика на тоа дали им стои на панталоните и маичката или на сакото што го носат у секоја прилика)

Што и да пробате да направите друго, немојте да зажалите ако на крај се почувствувате као кретен.

Така да мажи, сè додека оваа практика не им излезе на девојчињата од глава и почнат да ги гледаат реалните можности на македонското момче, никогаш не пробувајте да бидете џентлмени со избледени џентлменски фори, зашто нема да бидете испочитувани како правилен маж.