5 бајки за деца кои имаат многу подлабоко значење

Како што изминува времето можеби полека забораваме на нашето детство, но секогаш го чуваме во нашите срца. Веројатно затоа многумина од нас сѐ уште сакаат да читаат бајки. И тоа е сосема во ред бидејќи голем дел од нив се вредни за читање дури и откако ќе станеме сериозни возрасни луѓе, најмногу затоа што токму тогаш сфаќаме дека тие магични приказни имаат многу подлабоки пораки и скриени значења отколку што можевме да замислиме како деца.

1. Малиот принц, Антоан де Сент Егзипери

5 бајки за деца кои имаат многу подлабоко значење
„Возрасните сакаат само факти и форми. Кога нив им го опишувате новиот пријател, тие никогаш не ве прашуваат за важните нешта. Тие никогаш не велат ‘Како звучи неговиот глас? Која е неговата омилена игра? Дали собира пеперутки?’ Наместо тоа тие сакаат да знаат ‘Колку години има? Колку браќа и сестри има? Колку е тежок? Колку заработува неговиот татко?’ Само тогаш тие чувствуваат дека го познаваат.“

2. Мери Попинс, П. Л. Траверс

5 бајки за деца кои имаат многу подлабоко значење

„Дали треба и ние, Мери Попинс?“ – праша тој непромислено.

„Што дали треба и вие?“ – праша таа.

„Да живееме среќно до крајот на животот?“ – рече тој нетрпеливо.

Насмевка, малку тажна и нежна, се појави бледо на нејзиното лице.

„Веројатно“, рече таа замислено. „Но, зависи.“

„А од што зависи, Мери Попинс?“

„Од тебе“, рече таа тивко, носејќи ги колачите до огнот…

3. Мечето Вини Пу, А. А. Милн

5 бајки за деца кои имаат многу подлабоко значење

„Зајакот е паметен“, рече Пу замислено.

„Да“, рече Пиглет. „Зајакот е паметен.“

„И има мозок.“

„Да“, рече Пиглет. „Зајакот има Мозок.“

Следуваше долга тишина.

„Претпоставувам…“, рече Пу, „Дека токму затоа тој никогаш не разбира ништо.“

4. Алиса во земјата на чудата, Луис Керол

5 бајки за деца кои имаат многу подлабоко значење

„Те молам, ќе можеш да ми кажеш по кој пат треба јас да одам од тука?“

„Тоа многу зависи од каде ти сакаш патот да те одведе“, рече Мачката.

„Не ми е многу важно каде“, рече Алиса.

„Тогаш не е важно по кој пат ќе одиш“, рече Мачката.

„Само да ме одведе некаде“, додаде Алиса како објаснување.

„Ох, сигурно ќе успееш“, рече мачката, „Само ако чекориш доволно долго.“

5. Кадифениот зајак, Марџери Вилијамс

5 бајки за деца кои имаат многу подлабоко значење

„Да си Вистински не зависи од тоа како си направен,“ рече слабиот коњ. „Тоа е нешто кое ти се случува. Кога дете те сака долго, долго време, не само за да игра со тебе, туку навистина те сака, тогаш стануваш Вистински.“

„Дали боли?“ – праша зајакот.

„Понекогаш“, рече слабиот коњ, бидејќи тој секогаш ја зборуваше вистината. „Кога си Вистински, не ти е важно ако те боли.“

„Дали сѐ се случува одеднаш, како да си ранет?“ – праша тој. „Или малку по малку?“

„Не се случува одеднаш,“ рече слабиот коњ. „Тоа е процес. Потребно е долго време. Токму поради ова, често не се случува кај луѓето кои брзо се кршат, или кај оние кои немаат трпение, или кај оние кои треба внимателно да се чуваат. Генерално, до моментот кога ќе станеш Вистински, ќе ти паднат повеќето влакна, зглобовите ќе ти се разлабават и ќе бидеш целосно излитен. Но, овие нешта не се воопшто важни, бидејќи штом си Вистински не можеш да бидеш грд, освен за луѓето кои не те разбираат.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар