14 литературни класици кои докажуваат дека љубовта отсекогаш била мртва

Не секоја приказна завршува со романтично јавање на коњ до непознат замок, во прекрасно кралство на крајот од светот. Не секоја принцеза го наоѓа принцот од соништата. Понекогаш литературните класици знаат да бидат тажни.

14 литературни класици кои докажуваат дека љубовта отсекогаш била мртва

За разлика од „среќните краеви“ на Дизни кои ќе ви го стоплат срцето, литературните класици често имаат пореален крај. Покрај сѐ, големите писатели имале намера да го прикажат и критикуваат општеството во кое живееле, а не да ги залажуваат малите девојчиња со тијари и тинејџерски бракови.

Приказните и карактерите нема да беа реалистични ако сѐ завршеше совршено. За жал, во реалноста момчето не се појавува секогаш со букет пред врата. Земете марамчиња за да ги избришете солзите и откријте кои се 14-те најтажни љубовни краеви од најпознатите литературни дела.

1. Пип и Естела, „Големите очекувања“

Иако Естела може да се користи како поим во речник за некој кој има проблеми со интимата, сепак сите сакавме тие да останат заедно. Но, можеби сите требаше да имаме „поголеми“ очекувања од Пип.

2. Винстон и Џулија, „1984“

Само што помисливме дека љубовта може да победи сѐ, сепак на крај системот победува повторно. Како може љубовта да опстане кога се соочени со најголемите стравови во собата 101? Барем Винстон засекогаш ќе го има Големиот Брат.

3. Хамлет и Офелија, „Хамлет“

Не вљубувајте се во лудаци, бидејќи и вие ќе полудите. Офелија, тој е непоправлив. Можеби требаше да го послушаш неговиот совет и да отидеш во женскиот манастир.

4. Др. Франкенштајн и Елизабет, „Франкенштајн“

Замислете вашето животно дело да ја убие вашата единствена љубов? Вреди, затоа што подобро е остатокот од животот и смртта да ги посветите на одмаздата кон вашата сопствена креација, отколку еднаш во животот да сте среќен младоженец.

5. Ромео и Јулија, „Ромео и Јулија“

Токму поради оваа приказна тинејџерите не треба да стапуваат во брак. Еј Ромео, можеби следниот пат е подобро да провериш дали таа има пулс пред да го испиеш отровот.

6. Гетсби и Дејзи, „Големиот Гетсби“

Гетсби веруваше во зелената светлина. Тој направи сѐ за да ѝ овозможи живот каков што таа сакаше, но таа веруваше во парите и статусот во општеството. Извини Џеј, но наместо да ја импресионира, твојот голем жолт автомобил само предизвика уште повеќе проблеми.

7. Хитклиф и Кетрин, „Оркански височини“

Повторно, сѐ зависи од општествениот статус. Наместо приказна за сираче кое наоѓа дом и љубов, добивме 400 страни исполнети со смрт, безнадежност, одмазда и вампири.

8. Кони и Роуз од Шерон, „Плодови на гневот“

Идеализмот и соништата не можат да се одржуваат под притисокот на емигрантскиот живот. Кога Кони е во затвор, Роуз останува сама и скршена, но станува уште посилна. Исто така, крајот е чуден и морничав. Ајде само да кажеме дека вклучува млеко за доење и човек што умира.

9. Отело и Дездемона, „Отело“

На почетокот Шекспир алудира дека љубовта може да ја победи суровоста на расизмот од 16-от век. И по кратко време, изманипулиран од Јаго, Отело ја убива Дездемона поради „неверство“.

10. Димсдејл и Хестер, „Црвеното писмо“

Лоша репутација и јавно понижување: Никогаш не вљубувај се во проповедникот, туку во неговиот син. Никогаш не се плеткај со друг маж пред да си сигурна дека твојот сопруг е мртов, посебно кога твојот сопруг (и љубовник) е комплетно откачен.

11. Хенри и Кетрин, „Збогум на оружјето“

Дали тие ќе беа добри родители? Не. Тие беа ужасни, себични луѓе. Но, дали Кетрин мораше да умре? Дефинитивно не!

12. Тес и Ејнџел, „Тес од Дурберфилдс“

Комуникација, комуникација, комуникација. Само тоа беше потребно за да се спречеше патувањето во Јужна Америка и бесењето.

13. Скруџ и Бел, „Божиќна приказна“

Само да можеше Скруџ да ја сака, како што го сакаше својот паричник. Бел продолжи со животот, но барем Скруџ остана заедно со своите пари.

14. Мерсо и Мари, „Странецот“

На Мерсо воопшто не му беше грижа. Мари, не можеш да го промениш, колку и да се трудиш.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар