Веганско фрапе со карамела од само 3 состојки

Вкусно есенско кафе кое ќе ви го зачини денот

Веганско фрапе со карамела од само 3 состојки

Потребни состојки:
  • 8 ледени коцки од незасладено бадемово млеко
  • 230 милилитри свежо подготвено филтер кафе
  • 5 лажици вегански прелив од карамела
Начин на подготовка:

За да подготвите домашен вегански прелив од карамела, ќе ви бидат потребни 200 грама шеќер, 60 милилитри вода, 120 милилитри кокосово млеко и прстофат сол. Во водата додадете го шеќерот и варете на средна јачина, без да мешате околу 15 минути или сè додека мешавината не добие килибар боја. Внимавајте да не изгори. Потоа тргнете ја од оган и полека додадете го кокосовото млеко додека мешате. Додајте прстофат сол и вратете го садот на оган уште минута додека мешате. Сипете го преливот во сад отпорен на топлина и оставете да се олади. Чувајте го во фрижидер.

Подгответе ги ледените коцки така што претходната вечер ќе сипете 230 милилитри бадемово леко во калап за ледени коцки и ставете го во замрзнувач. Наредното утро подгответе го кафето и извадете ги ледените коцки од замрзнувач. Во блендер додадете ги сите ледени коцки, 170 милилитри од кафето и 4, 5 лажици од преливот и вклучете го сè додека не добиете добро комбинирана смеса. Доколку е премногу густо, додадете повеќе кафе. Послужете веднаш, по желба со кокосова шлаг пена и прелив од карамела.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар