Тирамису коктел, совршен за загревање пред вечерното излегување

Коктел кој ќе ве заблажи и подготви за забава

Тирамису коктел, совршен за загревање пред вечерното излегување

Потребни состојки:
  • 100 грама сладолед од кафе
  • 2 лажици вотка
  • 2 лажици ликер од кафе
  • 2 лажици ликер од чоколадо
  • Неколку ледени коцки
  • Зрна од кафе, прелиени со чоколадо (по избор)
Начин на подготовка:

Во блендер изматете ги сладоледот, вотката и ликерите, а потоа додајте ги и ледените коцки. Повторно матете сè додека не добиете мазна мешавина, а потоа сипете ја во 8 шолји за еспресо. Доколку сакате, декорирајте со исечкани зрна од кафе. Послужете веднаш.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар