Столче во форма на филџан за кафе

Столче во форма на филџан за кафе

Ова столче со интересен и креативен дизајн совршено може да се вклопи во секое кафуле. Дизајнирано е од Кореецот Sunhan Kwon, а името („Coffee Chair“) го добива според неговата очигледна форма. Столчето перфектно ги исполнува двата клучни дизајнерски елементи, функционалноста и декоративноста. Задниот дел т.е. потпората за грбот е изработена како силуета на филџан за кафе, на чија рачка можете да ја закачите вашата чанта или пак вашето палто.

Столче во форма на филџан за кафе

Тоа се произведува во „Bentek Furniture“, фабрика за мебел во Јужна Кореја, а е изработено од дрвен фурнир со европско потекло. Столчињата се со димензии 547 x 470 x 810 милиметри.

Столче во форма на филџан за кафе

Интересно видео за презентација на столчето:

Столче во форма на филџан за кафеСтолче во форма на филџан за кафе


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. A.Westwick Reply

    Kolku se jaki stolcinjata 😀

Остави коментар