Рецепт: Виетнамско кафе со јајце

Ова виетнамско кафе е создадено во 1940-тите за време на војната во Индокина кога луѓето немале доволно млеко, па користеле изматено јајце со шеќер. Погледнете како можете да го направите дома.

Рецепт: Виетнамско кафе со јајце

Потребни состојки:

  • 200 милилитри еспресо или инстант кафе
  • жолчка од јајце
  • 2 лажички кондензирано млеко
  • шеќер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Подгответе го кафето.
  2. Изматете ја жолчката со кондензираното млеко и шеќерот по вкус. Треба да добиете густа смеса.
  3. Додадете ја добиената смеса во кафето без да мешате. Уживајте!

Пробајте го и овој рецепт за малезиско кафе со чај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар