Протеински шејк со кафе – за активните љубители на кофеинот!

Додајте дополнителна доза енергија во вашиот протеински шејк

proteinski-shejk-so-kafe-za-aktivnite-ljubiteli-na-kofeinot-www.kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 1 доза протеини во прав (со вкус на ванила, чоколадо или кафе)
  • 230 милилитри свежо подготвено кафе, оладено
  • 60 милилитри кокосово или бадемово млеко
  • 1 смрзната банана
  • 2-3 суви урми
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • 1/2 лажичка цимет во прав
  • 1/4 лажичка кардамом во прав
Начин на подготовка:

Прво ставете ги сите течни состојки во блендер, а потоа додајте ги и останатите и матете додека не добиете густа хомогена смеса.

Ако не сте љубители на зачини, пробајте ја и поедноставната верзија од овој рецепт.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар