Огнен кафе шот

Совршен за петочно загревање пред излегување

Огнен кафе шот

Состојки:
  • 25 милилитри силно еспресо (со половина вода од вообичаено)
  • 10 милилитри шеќерен сируп (шербет)
  • 20 милилитри Бејлис
  • 10 милилитри рум
Подготовка:

Сипете го Бејлисот во мала чашка која е отпорна на топлина. Подгответе го еспресото во посебен сад или чашка и додадете му го шеќерниот сируп. Внимателно сипете ја мешавината во чашката со Бејлис со цел да го креирате вториот слој. На крај полека сипете го и румот во чашката со помош на мала лажичка за да создадете уште еден слој.

Предлог за сервирање:

Запалете го румот и послужете го со мала цевка. Испијте го овој C-52 коктел од дното на чашката додека тој сè уште гори.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар