Најубавото утринско будење што секој би го посакал

Најубавото утринско будење што секој би го посакал

За љубителите на кафе нема нешто подобро од шолја добро кафе за добар почеток на денот. Доколку имате навика да го одлагате вашето станување наутро, пристигна совршениот аларм кој ве буди со нежен звук на метални топчиња кои се удираат едно од друго и мирис на свежо подготвено кафе. Да, добро читате. Вашиот сон само што се оствари.

Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал

Креиран од лондонскиот индустриски дизајнер, Џошуа Ренув, овој будилник го овозможува најубавото утринско будење што секој би го посакал.

Најубавото утринско будење што секој би го посакал

Веднаш до дигиталниот часовник има копче за вклучување на апаратот и малечко фиокче за чување кафе и шеќер. Водата што врие во садот со металните топчиња што не рѓосуваат, тече до филтерот со кафе преку тенкото цевче од каде свежото кафе истекува во стаклената шолја. Во средина на ова апаратче, навидум послужавник, има место за чување млеко доколку сакате да го засладите кафето.

Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал

Овој навистина уникатен производ го заменува познатиот начин на будење – гласните аларми, со мирис на свежо кафе. Овој аларм со двојна функција го поттикнува корисникот на рутина – местење на алармот и кафето секоја вечер пред легнување, што со тек на време ќе почне да му сигнализира на телото и умот дека е време за опуштање и добар сон. Наутро сè што треба да направите откако ќе ве разбудат звуците на металните топчиња е да го притиснете копчето за да почне водата да врие.

Доколку до сега имавте навика да се жалите дека никој не ви носи кафе во кревет, овој, на некој начин романтичен апарат, ќе ви ги исполни желбите.

Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал14-najubavoto-utrinsko-budenje-shto-sekoj-bi-go-posakal-www.kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар