Најдобрите фотографии од наградната игра на Кафе пауза
Четири недели поминаа додека да трепнеме. Многу фотографии, креативност, оригиналност, ентузијазам, но и борба, напнатост, исчекување… Конечно можеме сите длабоко да воздивнеме. Несомнен победник со 1.339 лајкови е фотографијата на Верица Цекова.

Борбата беше за фотоапарат Nikon S2500, во комплет со мемориска картичка од 2 гигабајти, торбичка и врвка. Целта на оваа наградна игра беше да ја поттикнеме креативноста, да ги разбудиме заспаните емоции, да ги потсетиме вештините дека може да се искористат и секако, да уживаме во кафето. Веруваме дека успеавме во тоа. Овој мал подарок од нас за вас е знак на нашата почит кон нашата публика, вие.
И честитаме на Верица за победата и ù посакуваме со среќа да си го користи новиот фотоапарат, да прави многу фотографии со него, па зошто да не учествува и на некоја наредна наградна игра што ќе ја организира Кафе пауза. Им честитаме на сите учесници кои прикачија вкупно 120 валидни фотографии.
Во продолжение, стручниот тим на нашата редакција, ги издвои 10-те најкреативни, најуметнички фотографии кои учествуваа во изборот. Со клик на фотографиите, можете да видите кој стои зад нив. Уживајте!









———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
