На кафе во Виена
Утрото не е комплетно без жешко кафе. Оваа реченица ја покажува својата вистинитост во Виена. Кафето е најпреферираниот пијалак во овој Австријски град, а тоа се покажува по големиот број кафе-барови кои ги има на секое ќоше во главниот град.
Кафето во Виена е повеќе од обично кафе со млеко на кое сме навикнати. Во Виена постојат повеќе видови кафиња кои треба да се знаат. Прочитајте повеќе за најразличните кафиња и одберете какво ќе си нарачате кога ќе се најдете таму.
Kapuziner – мала доза кафе со многу млеко
Fiaker – Ако сакате ликер во вашето кафе, еве го кафето што треба да го нарачате. Мока кафе со рум или коњак и шлаг.
Einspanner – силно црно кафе со шлаг и чоколаден прав. Се служи во голема стаклена чаша.
Kaffee Maria Theresia – мока кафе со ликер од портокал и шлаг
Eiskaffee – идеално за оние кои сакаат ладно кафе, кафе со сладолед од ванила, шлаг и чоколадни снегулки
Schwarzer – Ако сакате чисто и силно црно кафе, ова е вистинското за вас. Може да побарате мало или големо.
Grosser Brauner – кафе сервирано во голема шолја со додаток шлаг или млеко. Ова кафе е австриска варијанта на Американското капучино.
Kleiner Bauner – мала верзија од Grosser Brauner, сервирано во мала шолја со малку млеко. Ова е италијанска верзија на Espresso Macchiato.
Schale Gold – еспресо кафе во голема шолја, сервирано со шлаг настрана.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
