Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухот

Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухот

Употребени чашки од кафе, секоја со различен цртеж на својата надворешна површина, лебдат во воздух на излогот во изложбениот простор за уметност во областа Флатирон во Менхетн, Њујорк. Таму ќе останат до крајот на годината, а најзаслужен виновник за ова уникатно уметничко дело е Гвинет Лич.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИдејата е на мобилната телеком компанија Спринт, која ја има поставено галеријата со цел да ја покаже својата посветеност на животната средина и на балансирањето помеѓу развојот на технологијата и зелените иницијативи.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотНо, Гвинет Лич, заедно со сите нејзини посетители, секој работен ден седи по 3 часа на столчето и им наоѓа нова креативна употреба на веќе употребените хартиени чашки за кафе. Оваа изложба е многу повеќе од обична уметност. Таа истовремено претставува  инсталација и перформанс, при што публиката се јавува и во улога на создавач на делото. Самата инсталација пак, постојано добива нова форма и нови креативни елементи, ширејќи се во просторот и заземајќи нови „слободни“ правци.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотЦелата работа Гвинет ја документира на нејзиниот блог, каде голем дел од фотографиите ù ги имаат испратено учесниците-набљудувачи на изложбата.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотПроектот има едноставна порака дека секојдневните предмети имаат повеќекратна употреба и треба да се реупотребуваат. Резултатот од сево ова е шарена и жива, но сепак смирувачка атмосфера во најбрзиот дел од градот.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухот
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар