Интересни изреки за кафето кои ќе ве насмеат и расположат
Со гаранција сите страсни љубители и обожаватели на кафето ќе се пронајдат во некои од најпопуларните изреки поврзани со кафето на someecards. Уживајте!

Ова утро во кафето ставив Ред бул наместо вода. Сега можам да ги гледам звуците.

Кафето ме држи во нормала додека не дојде време да се испијанам.

Дајте ми кафе или протагонистот ќе умре!

Сè што ќе кажам или направам пред да се напијам кафе, не важи.

Ги сакам мажите какво што го сакам кафето… топло, богато, темно, со прекрасен мирис и моќ да ме држи будна цела ноќ.

Добро утро! Свежо кафе и отворен Фејсбук. Само погледнете, веќе ги постигнав сите зацртани цели за денеска.

Во мојот свет кафето и текилата спаѓаат во видови храна.

Ми снема кафе па кренав раце од сè.

Морам да станам, му требам на моето кафе.

Листа со работи кои мора да ги завршам:
1. Напиј се кафе.
2. Сè останато.

Не постојат доволно зрна кафе во Колумбија кои би ме претвориле во ранобудник.

Истражувањата покажале дека кафето од Старбакс е повкусно откако ќе се слика и ќе се постира на Инстаграм.

Па да, пијам кафе во 3 попладне. Во некои делови од светот е 7 наутро.

Кафегазам (именка)
а. возбудата која се чувствува по првата голтка добро, јако кафе.
б. течен оргазам.

Корисен си колку безкофеинско кафе.

Вистинското време и место за безкофеинско кафе е никогаш и во корпа.

Утринското кафе ми даде потполно нереални очекувања за продуктивноста.

Господе, дај ми кафе за да ги променам нештата кои можам да ги променам, и вино за да го прифатам сето она што не можам.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.