Диетално смуди со кафе што ќе ви ја задржи линијата и ќе ве наполни со енергија

Нема да почувствувате подобар вкус, а ќе заштедите и на време!

Потребни состојки:
  • 230 милилитри свежо подготвено кафе
  • 1 банана
  • 100 грама овес
  • 1 лажица какао во прав
  • 1 лажица ленено семе
  • 1/8 лажица цимет во прав
  • 230 милилитри бадемово млеко (или млеко од соја, по вкус)
  • 1 лажица мед
Начин на подготовка:

Сипете го кафето во калап за ледени коцки и оставете го да замрзне во текот на ноќта. Следното утро ставете ги сите состојки во блендер, заедно со ледените кафени коцки и матете додека не добиете хомогена смеса. Уживајте!