Чоколадно фрапе со јагоди
Богат вкус создаден за уживање

Потребни состојки:
- 150 мл ладно инстант кафе
- 1 топка сладолед од јагода
- 20 мл чоколаден прелив
- 2 лажички шеќер
- 4 коцки мраз
- 1 јагода
- шлаг
Начин на подготовка:
Сладоледот од јагода, чоколадниот прелив и шеќерот ставете ги во блендер и измешајте ги за да добиете пенлива и еднолична смеса. Потоа во блендерот додадете ги кафето и мразот и мешајте додека мразот убаво не се искрши. Кафето сипете го во висока стаклена чаша, декорирајте со шлаг , малку чоколаден прелив и една цела јагода на врвот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
