Чоколадна еспресо пенеста крема

Чоколадна еспресо пенеста крема

Елегантен десерт кој се јаде во друштвоЧоколадна еспресо пенеста кремаПотребни состојки:

  • 115 грама горко или полублаго чоколадо, исечкано на парчиња
  • 2 супени лажици несолен путер
  • 1/2 кафена лажичка инстант еспресо
  • 2 големи јајца
  • 1/8 кафена лажичка вински камен (или цеден лимон)
  • 3 супени лажици шеќер во прав
  • 1/2 кафена лажичка екстракт од ванила
  • 120 грама шлаг пена со повисока масленост

Чоколадна еспресо пенеста кремаНачин на подготовка: Веднаш ставете сад со средна големина во замрзнувачот, ќе ви биде потребен подоцна за пената.

Во сад со средна големина кој ќе го наместите над тенџере со вода која врие, стопете ги заедно чоколадото, путерот и еспресото. Штом состојките се стопат, тргнете го садот настрана и дозволете ѝ на мешавината да се олади неколку минути. Потоа додадете две жолчки и измешајте. Ставете го садот во фрижидер.

Во друг сад со средна големина, со миксер на средна брзина матете ги белките со винскиот камен кој се користи за да се постигне поголем волумен. Доколку не можете да набавите вински камен, можете да го замените со иста количина сок од лимон (што може малку да го промени вкусот) или пак сосема да го изоставите. Матете додека смесата не стане пенеста. Потоа постепено додавајќи 2 лажици шеќер, зголемувајте ја брзината на миксерот и мешајте сè додека не се формира цврста пена, но сепак внимавајте белките да останат сјајни и да не се исушат.

Земете го садот од замрзнувачот и во него додадете ја шлаг пената, ванилата и останатиот шеќер и мешајте со миксер сè додека не се формира мека пена.

Извадете ја чоколадната мешавина од фрижидерот и ставете неколку лажици од мешавината со белките. Промешајте, а потоа нежно, додадете го и остатокот. Додадете ја и шлаг пената, но не мешајте, само превртувајте ја смесата со лажицата.

Чоколадната еспресо пенеста крема може да се служи веднаш или да се чува во фрижидер за подоцна.

Рецептот е за 6 послужувања.Чоколадна еспресо пенеста крема


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар