5 начини на кои погрешно го пиете кафето

5 начини на кои погрешно го пиете кафето

Дали имате обичај да го фрлате збајатеното филтер кафе? Или можеби сакате да го промените вкусот на кафето додавајќи повеќе слатки додатоци или пак го подготвувате со ладно млеко? Сменете неколку работи и кафето ќе го доживеете на сосема различни начини. Ние ви предлагаме 5.

5-nachini-na-koi-pogreshno-go-piete-kafeto-kafepauza.mk

Инспирацијата доаѓа од видеото на Базфид кои направиле збир на некои интересни, но помалку познати начини на кои можете да уживате во вашата кафе-рутина. Така:

1. Наместо да го фрлате бајатото филтер кафе, ставете го во калапи за мраз и во иднина употребете неколку коцки кои ќе ги залиете со млеко за да добиете инстант ледено лате.

2. Мислите дека за да го ублажите горкиот вкус на кафето треба да додадете повеќе шеќер. Не! Наместо тоа ставете малку сол кој ќе ја неутрализира горчливоста.

3. Наместо да додавате слатки додатоци за да добиете поинаков вкус на кафето, пред да го сомелете додајте стапче цимет и рендана кора од портокал. Нема да зажалите.

4. Наместо да додавате ладно млеко во вашето кафе, ставете го во тегличка до половина, затворете ја со капаче и тресете 30 секунди. Потоа ставете ја во микробранова на уште 30. Ќе добиете фантастична млечна пена.

5. На крај еден одличен механизам кој ќе ве потсетува колку е свежо направеното кафе. Земете две пластични чашки, означете ги како во видеото (на едната часовите, на другата стрелката) и поставете ги една врз друга. Треба само да погледнете во механизмот за да дознаете кога вашиот колега го направил бокалот со кафе.

Одлични идеи, нели?!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар