ТВ серија: Улица на милоста (Mercy Street)

ТВ серија: Улица на милоста (Mercy Street)

ТВ серија која го следи животот на две медицински страни од спротивната страна на цивилната војна во Америка

(1) ТВ серија: Улица на милоста (Mercy Street)Главни улоги: Мери Елизабет Винстин, Хана Џејмс, Џош Раднор, МекКинли Белчер III

Жанр: драма, историја

Креатори: Лиза Волфингер, Дејвид Забел

Премиера: 17 јануари 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 50 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 9,67 од 10)
Loading...

Сметате дека сте долгогодишен фан на приказните кои изобилуваат со историја? Опседнати сте со драмите кои се одвиваат во тешки периоди од минатото? Или пак, можеби сте едни од оние луѓе кои не ги пропуштаат премиерите и дури потоа одлучуваат дали ќе ја гледаат ТВ серијата или не? Без разлика на ситуацијата, кога станува збор за „Mercy Street“, воена медицинска драма која изобилува со многу емоции и богати ликови, тогаш без сомнение нема да згрешите. Дури и самиот факт што било потребно мало чудо за да се направи ТВ серија со оваа тематика која резултирала со прекрасна приказна и голем тим одлични актери, треба да ви даде до знаење дека и да не сте љубители на овој жанр, доколку ѝ дадете шанса, таа нема да ве изневери.

(2) ТВ серија: Улица на милоста (Mercy Street) (3) ТВ серија: Улица на милоста (Mercy Street)

Приказната се врти околу две медицински сестри без претходно искуство чиј живот ќе се испреплети во болница наменета за војници кои се борат во цивилната војна во Америка. Тие се наоѓаат на две спротивставени страни од оваа војна, Мери Фини (на северот) и Ема Грин (на југот). Тука не станува збор за розова приказна за изгубена љубов и искривени кринолини – тоа е јасно уште во првата сцена, кога ја запознаваме госпоѓата Доротеа Дикс. Целта на оваа ТВ серија е да ни покаже дека луѓето се луѓе, без разлика на нивните уверувања, и дека дури и најголемите и најстудените убијци, во болничките соби не се ништо повеќе од очајни индивидуи чие судбина е во рацете на докторите и медицинските сестри.

(4) ТВ серија: Улица на милоста (Mercy Street) (5) ТВ серија: Улица на милоста (Mercy Street)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар