ТВ серија: Флеш (The Flash)

ТВ серија за најбрзиот човек на планетата

ТВ серија: Молњата (The Flash)Главни улоги: Грент Гастин, Кендис Патон, Даниел Панабејкер

Жанр: акција, авантура, драма

Креатор: Гред Берланти

Премиера: 7 октомври 2014

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (16 гласа, просек: 9.56 од 10)
Loading...

Кога Бери (Грент Гастин) бил многу мал, тој видел нешто кое наликувало на молња во неговиот дом. Во центарот на оваа молња се наоѓала мајка му со уште еден човек. Човекот кој ја убил. За жал никој не му верувал на малиот Бери и бидејќи сите докази укажувале на татко му, тој бил осуден за убиството на неговата мајка. Токму затоа Бери го посветил целиот свој живот во истражување на невозможното, но никогаш не се надевал дека токму тој ќе стане нешто невозможно.

ТВ серија: Молњата (The Flash) ТВ серија: Молњата (The Flash)

Бери денес работи како криминален форензичар за полицијата. Тој е слабо момче, кое секогаш доцни, а доколку ги прашате оние околу него, сите едногласно ќе ви потврдат дека тој е чудак. Бери изгледа дека е заљубен во неговата долгогодишна пријателка Ајрис, која е и ќерка на детективот Џоу со кој тој соработува. По смртта на мајка му и затворањето на татко му, може да се каже дека на некој начин Џоу (Џеси Л. Мартин) го израснал Бери. Тој долго време живеел во неговиот дом, растејќи рамо до рамо покрај Ајрис.

ТВ серија: Молњата (The Flash) ТВ серија: Молњата (The Flash)

Една вечер животот на Бери целосно ќе се смени. Во градот во кој тој живее ќе се случи огромна експлозија која ќе испушти необична енергија врз светот. Оваа енергија, во форма на невреме ќе го опколи целиот град, а Бери кој сосема случајно ќе се најде на нејзиниот пат ќе биде удрен од молња. По 9 месеци во кома, кога тој конечно ќе се разбуди, полека ќе почне да открива дека нешто е сменето кај него. Тој има цврсти мускули и изгледа дека може да се движи премногу брзо. Ова движење е толку брзо, што во неговите очи целиот свет се успорува.

ТВ серија: Молњата (The Flash) ТВ серија: Молњата (The Flash)

Ја следите ли ТВ серијата „Arrow“? Ако да, тогаш и оваа дефинитивно ќе ви се допадне. Станува збор за интересна и динамична ТВ серија чие дејство се врти околу животот на еден суперхерој. Како и другите приказни од овој жанр, така и оваа нè води во еден паралелен универзум во кој сè е можно. Токму оваа карактеристика е она што ја прави возбудлива. Доколку сте расположени за кратко бегство од реалноста, „The Flash“ е одличен избор за вас. Таа не само што ќе ве вовлече во приказната и ќе направи да не можете да го тргнете погледот од неа, туку истовремено ќе ве опушти и насмее. На кратко, ако имате желба да започнете со нова интересна ТВ серија, нема да згрешите доколку ја одберете оваа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар