ТВ серија: Криптон (Krypton)

ТВ серија: Криптон (Krypton)

Две генерации пред уништувањето на Криптон, Сег-Ел, дедото на легендарниот Супермен, ќе мора да се откаже од сè за да ја спаси својата планета од неверојатна закана

(1) tv-serija-kripton-krypton-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Камерон Каф, Џорџина Кампбел, Елиот Кован

Креатор: Дејвид С. Гојер, Дејмијан Киндлер

Жанр: акција, авантура, драма

Премиера: 21 март 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 9,50 од 10)
Loading...

 

Љубителите на Супермен одамна бараат повеќе информации за историјата на планетата и народот на својот омилен суперхерој. Оваа ТВ серија е одговор на нивните барање. Станува збор за истражување на историјата на Куќата на Ел – домот на карактерот што сите ние го знаеме како Кларк Кент. Приказната ја гледаме преку очите на неговиот дедо, Сег-Ел, млад човек што ќе се најде во центарот на политички интриги и можноста за целосно уништување на својот роден свет.

(2) tv-serija-kripton-krypton-www.kafepauza.mk (3) tv-serija-kripton-krypton-www.kafepauza.mk

Приказната започнува со настанот кога малиот Сег-Ел ќе гледа како неговиот дедо е обвинет за предавство и како умира за своите верувања. Години подоцна, кога неговото семејство веќе нема никаков ранг, привилегија и статус, Сег-Ел се обидува најдобро што може да го пронајде своето место во главниот град на Криптон – Кендор Сити. Планетата има цела низа на проблеми што и може да се очекува од дисфункционално општество, но тоа што целосно ќе го промени животот на нашиот млад јунак е заканата од Брејнијак – суштество што го гледа Криптон како свој оброк.

(4) tv-serija-kripton-krypton-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-kripton-krypton-www.kafepauza.mk

Иако и оваа ТВ серија, како и сите останати во овој жанр, имаат неколку предвидливи и веќе видени развивања на настани, начинот на кој се раскажува приказната е многу впечатливо – вие ќе бидете забавувани и внесени во неа до самиот крај на секоја епизода. И најдобро од сè, едвај ќе ја чекате следната за да дознаете што ќе се случи понатаму – ова секогаш е добар знак. Па, ако сакате да „поживеете“ на Криптон и да ја дознаете историјата на народот на Супермен, тогаш ова е можеби еден од најзабавните начини да го сторите тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар