ТВ серија: Фреквенција (Frequency)

Детективка од 2016 година комуницира преку радио со татко ѝ, кој исто така е полицаец, од 1996 година со цел да решат серија убиства низ времето

(1) ТВ серија: Фреквенција (Frequency)Главни улоги: Пејтон Лист, Меки Фајфер, Даниел Бонжур

Жанр: драма, фантазија, мистерија

Креатор: Џереми Карвер

Премиера: 5 октомври 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 6.33 од 10)

Loading...

Приказната се врти околу најголемите есенски драмски трендови – патување низ времето и исчезнати родители. Но, и покрај тоа што уште во првите сцени може да се почувствува емоционалната тежина на приказната, сепак „Фреквенција“, која е базирана на филм од 2000-та година со истото име, не може да го скрие својот вистински идентитет како сосема стандардна полициска серија. Но, тоа не значи дека не вреди да се гледа!

(2) ТВ серија: Фреквенција (Frequency)

Рејми (Пејтон Лист) е детективка што работи во њујоршката полиција. Таа е огорчена поради исчезнувањето и смртта на својот татко и е убедена дека додека тој работел на тајна задача, направил нешто ужасно. Секако, има многу повеќе за таа приказна, но тоа ќе се открива полека, со секоја нова епизода по малку. Иако ваквите настани не се тешки за предвидување, сепак во оваа приказна има многу повеќе изненадувања отколку што би помислиле.

(3) ТВ серија: Фреквенција (Frequency)

Нештата стануваат интересни во моментот кога Рејми ќе успее да воспостави контакт со татко си. Иако тој веќе 20 години е мртов, откако гром ќе удри во куќата на Рејми и ќе го погоди старото радио на татко ѝ, таа ќе го чуе неговиот глас од другата страна. На почетокот тие се збунети и исплашени и мислат дека некој си игра со нивниот ум, но набрзо ќе дознаат дека и покрај тоа што изгледа невозможно, сепак успеале да се поврзат низ времето.

(6) ТВ серија: Фреквенција (Frequency)

Иако главната тема е патување низ времето, сепак не постои физичко префрлање од една точка во времето кон друга. Рејми и татко ѝ заедно ќе работат, секој во своето време, обидувајќи се да решат случај со сериски убиец кој трае повеќе од 20 години. И за разлика од другите приказни на оваа тема каде што скоро е невозможно да се промени настан кој се случил, изгледа овие двајца имаат многу поголема слобода при манипулирање со минатото…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар