ТВ серија: 100-те (The 100)

ТВ серија: 100-те (The 100)

97 години по нуклеарна војна која го уништила човештвото, група малолетни деликвенти се симнуваат од Вселенска станица на Земјата за да откријат дали може повторно да се живее на неа

ТВ серија: 100-те (The 100)Главни улоги: Елајза Тејлор, Пејџ Турко, Томас Мекдонел, Боб Морли, Мери Авгеропулос


Жанр: драма, научна фантастика

Креатор: Џејсон Ротенберг

Премиера: 19 март 2014

Број на сезони: 2

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (24 гласа, просек: 9,25 од 10)
Loading...

Немаме информации за тоа што точно се случило, но она што го знаеме е дека на Земјата имало огромна нуклеарна војна која резултирала со преголеми нивоа на радијација, а со тоа и изумирање на човештвото. Кога избиле бомбите, во орбитата околу Земјата имало неколку вселенски станици, кои подоцна се споиле и ја формирале „Арката“. Според нивните испитувања, на Земјата ѝ се потребни барем 200 години да се опорави од радијацијата, но поради проблем со одржувањето на воздухот на Вселенската станица, човештвото можеби би морало порано да се врати во својот дом.

ТВ серија: 100-те (The 100) ТВ серија: 100-те (The 100)

Бидејќи нема многу простор, ниту пак доволно ресурси за живот на Арката, секое семејство има право на само едно дете. Од друга страна пак, нема никаква толеранција за криминалци, па ако некој го прекрши законот, тоа е казниво со смрт. Доколку оваа личност е помлада од 18 години, тој/таа ќе биде затворен/а сè додека не достигне полнолетност и потоа му/ѝ следува смртната казна. Звучи сурово, но тоа е можеби единствениот начин на кој човековата раса би можела да преживее.

ТВ серија: 100-те (The 100) ТВ серија: 100-те (The 100)

Драстични ситуации бараат драстични мерки, па токму затоа, поради проблем со одржувањето на воздухот на Арката, луѓето одлучуваат да ги пратат оние кои се осудени на смрт, младите деликвенти, да проверат дали е можно по само 97 години од катастрофата да се живее повторно на планетата. Доколку се успешни, нивните криминални дела ќе бидат простени и тие ќе можат одново да го почнат својот живот на планетата. Групата го преживува слетувањето, стапнува на Земјата и открива дека нивниот дом веќе не е тоа што некогаш бил. Но, она што е најинтересно од сè е дека можеби тие не се единствените луѓе кои ја преживеале катастрофата.

ТВ серија: 100-те (The 100) (7) ТВ серија: 100-те (The 100)

Оваа е една од оние ТВ серии кои се исполнети со акција и токму поради тоа нема во ниту еден момент да почувствувате досада. Баш напротив, и покрај тоа што една епизода трае 40-тина минути, поради брзото развивање на настаните, вам ќе ви изгледа како сè да поминало за само 5 минути. Токму затоа нема да можете да престанете да ја гледате и само за еден викенд, доколку имате време, можете лесно да се навлечете и да ги изгледате сите епизоди кои се досега излезени.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    mnogu dobara serija, moja preporacka

  2. Анонимен Reply

    mnogu dobra serija.

Остави коментар