Ова е најромантичниот филм на сите времиња!

Ова е најромантичниот филм на сите времиња!

Ако сте во потрага по најубавиот божиќен филм, тогаш имаме одличен предлог за вас! Филмот Апартман (The Apartment) бил прогласен за најдобриот филм со божиќна тематика на сите времиња! Романтичната драма и комедија е под режија на Били Вајлдер и ги топли срцата на љубителите на жанрот уште од 1960-тата година.

ova-e-najromantichniot-film-na-site-vreminja

Овој филм добил пет Оскари, а главните улоги ги толкуваат Џек Лем и Ширли Меклејн. Титулата најдобар божиќен филм доаѓа од страна на британскиот The Independent, со изјавување дека станува збор за филмска класика која нè потсетува на вистинскиот божиќен дух – нешто што е одамна заборавено, како и влева надеж за подобра иднина.

Ако сè уште го немате гледано, ви препорачуваме да го сторите тоа за време на овој продолжен викенд. Ако сте го гледале, тогаш ова е шанса повторно да се потсетите на прекрасната приказна, притоа стоплувајќи се во прегратката на вашите сакани. А ако не сте расположени за романса, тогаш погледнете ги овие ретро филмови од кои нема да можете да ги оттргнете очите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар