Нови ТВ серии кои не го заслужуваат вашето слободно време

Секоја година излегуваат голем број нови ТВ серии, па токму затоа е сосема нормално да се појават неколку за кои навистина не вреди да го трошите вашето слободно време. Започнувајќи од досадни и веќе видени комедии, па сè до приказни исполнети со насилство и навредливи сцени, погледнете ги наредниве 5 серии кои едноставно не мора да почнете да ги гледате…

Нови ТВ серии кои не го заслужуваат вашето слободно време

1. Демнач (Stalker)

Нови ТВ серии кои не го заслужуваат вашето слободно време Станува збор за двајца детективи кои истражуваат случаи со демнење во Њујорк. И покрај тоа што можеби би си помислиле дека станува збор за нешто ново и досега невидено, доколку решите да ја гледате оваа ТВ серија со сигурност ќе се разочарате. Приказната е премногу едноставна и многу често ќе можете лесно да погодите како секоја епизода ќе заврши. Од друга страна пак, таа изобилува со насилство кое воопшто не е лесно за гледање. Секоја епизода сликовито го покажува малтретирањето и/или убивањето на различни жени чии убијци секогаш завршуваат позади решетки. Накратко, оваа е една од оние ТВ серии кои дефинитивно би требало да ги избегнете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар