Избегајте во Париз преку 10 филма

Љубители сте на Париз, сте немале можност досега да го посетите, или пак токму сега се подготвувате за посета на градот на светлината? Без разлика, овие 10 филмови ви ги препорачуваме за да се запознаете, припремите, за да ги освежите сеќавањата или пак едноставно за да побегнете во Париз со мислите. Уживајте во уметноста!

0-izbegajte-vo-pariz-preku-10-filma-kafepauza.mk

1. Два дена во Париз

Мерион и Џек се обидуваат повторно да воспостават поблиски односи со посета на домот на родителите на Мерион во Париз. Но, по сретнувањето на неколку од нејзините поранешни момчиња, најромантичниот град во светот Париз претставува завршување на една романтична врска.

2. Американец во Париз

Џери Мулиген е поранешен американски војник, кој останува во повоена Франција, Париз за да постане сликар, и притоа се заљубува во невообичаениот шарм на Лиза Бувие. Во меѓувреме неговите слики ќе го привлечат вниманието на Мило Робертс, богата американска наследничка, која е заинтересирана повеќе отколку само уметноста.

3. Ле Развод

Ги претставува француските наспроти американските обичаи и култура. Тие се претставени во приказната за една американка која е во посета на Франција, по повод свадбата на нејзината сестра со нејзиниот маж Француз.

4. Пред зајдисонце

Овој филм е продолжение на „Пред изгрејсонце“. Во ова продолжение Џеси патува низ Европа каде што ја промовира својата книга чија содржина е поминатата ноќ со Селин во Виена. По промоцијата во Париз, налетува на него и го поминува последниот ден заедно, сè до нејзиниот лет. Иако и двајцата имаат партери и Џеси има син и по девет години тие сепак имаат длабоки чувства еден за друг.

5. Шарада

Романтика и неизвесност во Париз. Реџина Ламперт за време на нејзиниот престој во Париз дознава дека сопругот ѝ е убиен. Таа се сомнева во неколку мажи, па покренува потрага за да го најде човекот кој ја посакувал среќата на нејзиниот покоен сопруг. Но, на кого може да му верува?

6. Последното танго во Париз

По самоубиството на неговата жена, американскиот хотелиер не може, а да не ја забележи младата и убава Французинка. Оваа жена го сретнува американецот во подоцнежни години и основаат врска која се заснова само на сексуални односи, а тој настојува тоа така и да остане.

7. Полноќ во Париз

Гил Пиндер е сценарист и аспириран романсиер. Одморот во Париз кој требаше да го помине со неговата свршеница го поминува сам, шетајќи во градот. Во една таква ноќна прошетка на полноќ, налетува на чудни луѓе кои го пренесуваат назад во времето и го оставаат самиот да се движи низ времепловот. Така во текот на престојот во Париз секоја вечер ја минува со културните херои на минатото. Колку повеќе е присутен во минатото толку е понезадоволен од сегашноста.

8. Рататуи

Реми, жител на Париз, цени добра храна и има доста софистициран вкус. Тој би сакал да стане готвач, па да може самиот да си создаде и да ужива во кулинарскитe ремек-дела. Единствениот проблем е што Реми е стаорец. Кога тој завршува во канализацијата под еден од најдобрите ресторани во Париз, тогаш неговиот сон е на половина пат за да се оствари.

9. Амели

„Амели“ е шармантна романтична комична фикција за една млада наивна жена која водена од чувството за правда ненамерно ги диригира животите на луѓето околу неа, креирајќи го светот исклучиво по сопствени одлуки.

10. Монте Карло

Три млади пријателки тргнуваат на летна авантура во Париз, но конците се замрсуваат кога понесени од славата на лажното претставување ќе се најдат во Монте Карло. Што ќе се случи откако ќе се појават вистинските личностите во чие име се претставија трите пријателки ?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

  1. moi Reply

    vi fali french kiss 🙂

  2. Spanec Reply

    Bez Paris, je t’aime nisto ne praite……

Остави коментар