Филм: Падот на Лондон (London Has Fallen)

Лондон станува најопасното место на светот кога на погребот на британскиот премиер, Мајк Бенинг открива терористички заговор за убиството на сите светски лидери
(1) film-padot-na-london-london-has-fallen-kafepauza.mk

Режија: Бабак Наџафи

Улоги: Жерард Батлер, Арон Екарт, Морган Фримен, Шарлот Рајли, Мелиса Лео

Времетраење: 99 минути

Премиера: 4 март 2016

Jазик: англиски

Жанр: акција, трилер, авантура

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (9 гласа, просек: 7.78 од 10)

Loading...

Продолжението на светскиот изненадувачки хит „Падот на Олимп“ е еден постојано неизвесен акционен трилер кој нуди пиротехничка авантура преку просечно презентирана смисла на автентичност. Интензитетот и возбудливоста доаѓаат од главната временски соодветна премиса: Погребот на британскиот премиер станува цел на една терористичка организација чиja главна задача е да ги елиминираaт светските лидери, да го уништат британскиот главен град и да ослободат застрашувачка визија за иднината. Единствената шанса за спас на Европа и САД стои на грбот на претседателот на Америка, Ашер (Арон Екарт) и неговиот пријател и глава на Американската тајна служба, Мајк Бенинг (Жерард Батлер), со помош на способниот британски агент кој никому не верува, Жаклин Маршал (Шарлот Рајли).

Филм: Падот на Лондон (London Has Fallen)

Но, додека, „Падот на Олимп“ на главните ликови им овозможи една едноставна, ефективна одмаздничка наратива која ја отслужи својата цел, овде се среќаваме со послабо оформена карактеризација олицетворена во современ, груб каубој и малку повеќе од дводимензионален протагонист кој се трансформира во „машина за убивање“ кога е потребна малку акција. Адвокатирањето за уривањето, насилството, невините жртви и говорот на омраза на некои моменти ќе ве натераат да се запрашате зошто и покрај сите тврдења дека е поинаку, сепак сѐ уште ни се претставуваат стереотипни, црно-бели и хуманистички ограничени поенти кои служат за промоција на идеали кои веќе одамна требаше да бидат заборавени.

Филм: Падот на Лондон (London Has Fallen)

Дејството е предвидливо и повторливо, исполнето со премногу параноја, пропаганда и сомнителен систем на идеи и принципи, но покрај тоа, постојат и неколку драмски пресврти и перипетии, кои колку и да се очигледни и очекувани, сепак се интересни за гледање. Она што може да се забележи како позитивно за „Падот на Лондон“ е неговата споредна актерска екипа составена од Морган Фримен, Мелиса Лео и Роберт Фостер, една фантастична група оскаровци и номинирани актери на кои, за жал, им е дадена задачата буквално само да набљудуваат отстрана.

Филм: Падот на Лондон (London Has Fallen)

Естетика е сурова, а моралот е ставен под знак прашалник. Но, доколку можете да ја поднесете садистичката, бруталната и изразито ксенофобна природа на Мајк Бенинг, проследена со неговиот сув хумор и претеран патриотизам, тогаш филмот во никој случај не е досаден и има потенцијал да биде една интересна попладневна средба со пријателите на која ќе можете да дискутирате на тема: Зошто мирот во светот навистина треба да биде сечија желба.

Филм: Падот на Лондон (London Has Fallen)

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар