„E.T. си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кој ни го обележа детството - Part 2

„E.T. си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кој ни го обележа детството

„И-Ти си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кои ни го обележа детството

6. Култната сцена е (скоро) реална

Култната сцена во која Томас и E.T. летаат со велосипед над полна месечина, што се наоѓа и на филмскиот постер, е навистина реална. Односно, вистинска е позадината врз која подоцна како визуелни ефекти во постпродукцијата се додадени ликот на момчето и неговиот пријател.

„И-Ти си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кои ни го обележа детството

7. Филмот добил овации на филмскиот фестивал во Кан

„Е.Т.“ бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1982 година, а публиката се кренала на нозе при крајот од филмот и ракоплескала 15 минути. Стоечките овации биле повторени и откако филмот завршил, и во тоа време сите знаеле дека се работи за неверојатен хит.

8. На чоколадите со ориз им пораснала цената заради филмот

За да го привлече вонземјанинот во својот дом, Елиот му нуди чоколадо со ориз на E.T. Две недели откако филмот се појавил во кината, продажбата на ова чоколадо се зголемила за 65%.

„И-Ти си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кои ни го обележа детството

9. Спилберг бил обвинет за кражба

По големиот успех на филмот, индискиот режисер Сатијаит Реј го обвинил Спилберг за плагијат, односно тврдел дека тој ја презел идејата за приказната од неговото сценарио од 1967 година за „Вонземјанинот“, кое Columbia Pictures требало да го снима во 1970-тите. Спилберг се бранел со фактот дека тој бил средношколец кога сценариото го обиколувало Холивуд, па не била преземена никаква правна постапка против него.

10. Требало да следи продолжение на филмот

Стивен Спилберг и Мелиса Метисон создале приказна за продолжението на филмот „E.T. II: Nocturnal Fears“. Во краткиот опис на вториот дел, кој е напишан на десет страници, Елиот и неговите пријатели се киднапирани од мутирани странци предводени од злобниот водач Корел и тие се обидуваат да го најдат патот до дома. Сепак, Спилберг одлучил да не го сними продолжението бидејќи тоа би ја осквернило чистотата на оригиналниот филм.

Можеби сакате да дознаете и кои се 9-те божиќни филмови што ќе ви го стоплат срцето за време на ладните вечери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар