9 божиќни филмови што ќе ви го стоплат срцето за време на ладните вечери

Се ближат празниците, па крајно време е да ја украсите елката, да ги гледате вашите омилени божиќни филмови и да создадете вистинско празнично расположение. Ако веќе ви е здодевно да ги гледате истите филмови секоја година, погледнете ја оваа листа со 9 извонредни божиќни филмови што најверојатно не сте ги гледале или можеби сте заборавиле на нив.

9 божиќни филмови што ќе ви го стоплат срцето за време на ладните вечери

1. Божиќна збрка (A very Merry Mix-Up)

Оваа приказна е создадена за оние што сакаат да гледаат убави филмови додека се завиткани во меко ќебе пиејќи топло чоколадо. Една девојка по име Алис, на Божиќ ќе ги запознае родителите на својот свршеник. На аеродромот, таа се соочува со многу различни предизвици и пречки: нејзиниот багаж е изгубен, а телефонот не ѝ работи. За среќа, таа среќава странец по име Мет, а ненадејното запознавање се претвора во неверојатна авантура.

2. Замена на принцезата (The Princess Switch)

Ова е одличен филм за оние што сакаат да имаат романтична атмосфера на Бадник. Војвотката Маргарет и едноставната Стејси од Чикаго се многу слични. Невината идеја да ги сменат местата се претвора во подарок од судбината (со помош на малку магија, се разбира).

3. Бебето на Бриџит Џонс (Bridget Jones’s Baby)

Поминаа 12 години откако последен пат ја видовте Бриџит Џонс на големиот екран. Таа веќе нема проблеми со вишокот килограми, нејзината кариера е успешна, но Бриџит Џонс не би била таа без нејзината суперсила што ја внесува во глупави ситуации. Овој филм е лесен и смешен, па ако сакате топли и духовни приказни со среќен крај, ова е токму тоа што ви треба.

4. Човекот кој го измисли Божиќ (The Man Who Invented Christmas)

Откако се соочил со недостиг на инспирација и со финансиски проблеми, младиот англиски писател Чарлс Дикенс, и покрај отфрлањата од издавачите, решил да напише и да објави книга со наслов „Божиќна песна“. Подоцна, таа станува симбол на прошка, милост и љубов. Оваа трогателна приказна ќе ве натера да верувате во вашите соништа и во божиќните чуда. И многу години подоцна, овие чуда сè уште ќе ве иснпирираат да правите добри дела и никогаш да не се откажувате.

5. Божиќ (Nativity)

Откако го изгубил изворот на радост во неговиот живот, наставникот во основно училиште, Пол Маденс, добива барање да направи божиќна претстава и тој започнува да работи со еден чуден асистент, господин Попи. За да го изнервира својот стар пријател, еден познат режисер за детски претстави, Пол тврди дека ќе дојдат луѓе од Холивуд за да уживаат во неговата претстава. Лагата се шири низ градот премногу брзо и се претвора во проблем, но подоцна тоа ќе биде само почеток на една прекрасна божиќна приказна.

6. Божиќни хроники (The Christmas Chronicles)

Сестрите Теди и Кејт решаваат да го снимат пристигнувањето на Дедо Мраз за да докажат дека тој навистина постои. Храбрата идеја се претвора во неверојатно патување со цел да го спасат Божиќ, заедно со Дедо Мраз и со неговите џуџиња и ирваси. Ова е навистина лесен, добар, па дури и едукативен филм што дефинитивно треба да го гледате пред Божиќ заедно со целото семејство.

7. Витез пред Божиќ (The Knight Before Christmas)

Оваа лесна романтична комедија ќе ви го наполни срцето со љубов, со радост и со чувство на магија. Средновековниот витез Кол, ненадејно се наоѓа во современ свет каде што се среќава со учителката Брук. Таа смета дека Кол страда од амнезија и се обидува да му помогне, но нема поим дека тој е принцот што го чекала цел живот.

8. Замрзнатото кралство 2 (Frozen 2)

Ова е неверојатно убав цртан филм за целото семејство што може да ве натера да заборавите на вашите секојдневни проблеми и повторно да започнете да верувате во љубов, во пријателство и во магија. Во ова ново поглавје, Елза треба да тргне на опасно патување за да го спаси своето кралство. Неа ја придружува нејзиниот тим од соништата: сестрата Ана, момчето Кристоф, ирвасот Свен и веселиот снешко Олаф.

9. Минатиот Божиќ (Last Christmas)

Нова романтична комедија што е една од најочекуваните божиќни премиери оваа година. Станува збор за прекрасна тандемска изведба на шармантната Емилија Кларк и на Ема Томпсон која ја игра мајката на главниот лик. Интересниот хумор и легендарната песна „Last Christmas“ се главните причини зошто треба да го гледате овој филм за време на празниците.

Погледнете кои се деветте најочекувани филмови оваа зима.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар