3 одлични ТВ серии за жени

3 одлични ТВ серии за жени

За наредниве студени денови спремивме листа од 3 ТВ серии кои ќе им се допаднат на припадничките на понежниот пол. Па затоа дами, одберете ја онаа која најмногу ви фаќа око, испукајте пукани, пикнете се под ќебенце и опуштете се ова попладне.

1. Да се биде Ерика (Being Erica)

3 одлични ТВ серии за жениЖанр: драма, фантазија, комедија

Премиера: 5 јануари 2009; последна епизода: 12 декември 2011

Број на сезони: 4

Главни улоги: Ерин Карплак, Реган Пастернак, Мајкл Рајли

Кратка содржина: 33-годишната Ерика Стрејнџ добива неверојатна шанса да се врати назад во времето и одново да ги преживее најважните моменти од нејзиниот живот.

Од првиот бакнеж, до матурската вечер и интервјуата за работа, Ерика сега има повторно шанса да ја коригира нејзината долга листа со разочарувања, со надеж дека овој пат ќе направи помудри одлуки, кои ќе ѝ помогнат да го живее животот онака како што таа отсекогаш сакала.

3 одлични ТВ серии за жени

Лична критика: Оваа ТВ серија има длабока, психолошка позадина, а сепак е лесна и многу забавна за гледање. Таа ќе ве натера да отпатувате назад низ вашето минато и да ги преиспитате одлуките кои сте ги правеле и начинот на кој тие влијаеле врз целиот ваш живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар